ponedjeljak, 27. lipnja 2022.
četvrtak, 9. lipnja 2022.
ЗБОРОТ ОСТАНУВА ЗАКОН бр 11
ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА бр 11
ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА бр 11
Покојникот ги брои мртвите стебла
и ги запишуа кривините
на сопственијот ум.
Денот молчи, длабоко во шумата
го влечи обоеното јаже
ја бриши пота од облакот на лицето.
Згужваните прсти
ги собираат растурените мравки
под светлината на сивата масечина.
Длабоко шуми шумата
гласно крцкаат вратите,
и ја разголуваат тишината.
Покојникот замина,
по патеката на времето
со стегнати раци
во некое друго време.
Повикот остана на сопствената адреса.
Соња Таировска Ѓурчак
02.06.2022 Улм
srijeda, 25. svibnja 2022.
МК
Секое добро во
животот се множи,носи и станува поисполнет и помирен живот кое извира од
сопствениот ум ...
Свеста ,чесноста интелегенцијата
се вродени во секоја душа тие не можиме да ги добиеме или купиме подоцна во нашиот
животот,...
Човечката душа е
најмоќна која можи да реализира се за сопствена среќа а исто времено да неусловно
помагаат...
subota, 26. ožujka 2022.
Aforizmi MK
četvrtak, 24. ožujka 2022.
БЕРЗА НА СОНИШТА книга бр.10
БЕРЗА НА СОНИШТА
Молчам,мислам
дека зборувам
пред списокот на
минатото
во текстот на
иднината.
Ја заклучувам
вратата однатре.
Од денес, ја
прекинувам најавената програма
да го задржам
само сонот
на блиските кој
замолкнуваат
пред безата на
соништата.
Од оваа вечер ги
снимам сомо
соништата на
поетите.
Полноќ е, земјата
се врти кон денот
и праќа порака на
семејството на животот.
Кога денот поново
се раѓа,
се раѓа и вистината
од претците
за берзата на
соништата.
Времето молчи и ја
запишува отсутноста на Земјата
од плоштадот на еден
заборавен сон.
Соња Таировска Ѓурчак
23.03. 2022 Улм
nedjelja, 20. veljače 2022.
ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ кн бр 10 .
ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ