petak, 31. prosinca 2021.

ТИ БЛАГОДАРАМ 2021 ГОДИНА

 ТИ БЛАГОДАРАМ 2021 ГОДИНА 

Додека часовникот ги одбројува последните минути од 2021 година,јас сакам да Ти се заблагодарам за сите денови, која стрпливо ми ја даруваше твојата подршка.За сите случувања што ни се случија во оваа 2021 година несакам да ја барам вината во тебе,зато што знам дека не си виновна,најчесто да ја покријаме нашата грешка ја префрламе можеби свесно или несвесно на некој друг,затоа што не сме спремни да преземиме обврски кој ни ги носи животот.Пред да заминиш Ти благодарам,понесија оваа моја благодарност таму далеку во времето и просторот на тишината,Ти благодарам.

Додека се збогувате една со друга вртеќи се со погледите во бурата на разделбата,со разменување на желбите посакуваќи си се најдобро и најуспешно во Новата 2022 година во пресрет притрчувам со отворено срце да ја поздравам Новата година со топло добредојде во овој затебе нов свет добредојде. Уште во самиот почеток Те молам,немој да  слушаш секакви критики,човечкиот род е тој што најпрво критикува пото слуша а можеби на крајот ќе пофали.

Ти си само бројка по која ние ке патуваме 365 дена,Ти си ни патот,Ти си ни домот во кој ни ги отвораш секојдневно широко вратите да миниме и одиме во просторот на времето,да ја следиме вистината да ги почитуваме природните закони кој се оставени во тестаментот во стариот и новиот завет во Библијата,Добредојде во новове 365 дена во која секојдневно ке се сее семето на цветовите кој ќе цветаат за мир,радост,среќа,здравје,почит,љубов и успех.ДОБРЕДОЈДЕ 2022 Година.

Соња Таировска Ѓурчак

31.12 2021 Улм

nedjelja, 19. prosinca 2021.

ЖИВОТОТ ГО ПРОМЕНА ПРАВЕЦОТ книга бр 10

 

ЖИВОТОТ ГО ПРОМЕНА ПРАВЕЦОТ                                        книга бр 10

 

Чекорам и патувам

во правците на две патеки

тонеќи во тишината на денот.

Чекорам испред сопствената слика

совладуваќи ја тишината и

стравот распослан низ живот.

Одговорот на животот

печи во моите очи

усните немо  ја читаат вистина

чекореќи по патеката  на животот.

Ги кријам спомените од заборав

и ги редам по бројот на годините.

Животот го промена правецот,

а глувите не го слушнаа гласот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

19. 12. 2021 Улм

srijeda, 3. studenoga 2021.

МИРИС НА НАНЕ книга бр 10

 

МИРИС НА НАНЕ

Под стреата на куќата

ветрот ја милува саксијата

и го крева мирисот

од расцутеното нане.

Во страв се распосла  мирисот

пред очите на сечилото

тонеќи во утробата

на живите јазици.

Во дното на земјата

остана вратата отворена

цветот и мирисот на нането

поново расти.

Соња Таировска Ѓурчак

03.11. 2021 Улм

subota, 30. listopada 2021.

ххх

 Кога денот ќе стани претежок,

не го слушај часовникот
испиши го денот во стихови.

utorak, 19. listopada 2021.

ПРВИТЕ БОГОВИ за книга бр 10

 

ПРВИТЕ БОГОВИ


Се збогува со првите богови

и замина,остана само 

мирис на трева

која поново се раѓа во еден плик.


Во маглата се изгуби книгата 

сокриваќи ги речениците

што ги пишуваше времето

брзаќи по патеката на стравот.


Замина во тежината на земјата

земјата тежи,на гробот свеќа

која се топи во плач.

Остана книгата не до читана, 

времето замина...


Соња Таировска Ѓурчак

19.10.2021 Улм

 

subota, 16. listopada 2021.

МОЕТО СЕЛО ИЗВОР за книга бр 11

   МОЕТО СЕЛО ИЗВОР 

Денес кога сеќавањето гласно ми зборува на цел глас,сакам оваа најава да ја поделам со сите вас,деството мина како трен а живите сеќавања останаа.И денес ги гледам моите родители неуморно стануваа во раните утрински часови брзаќи да ги завршат сите потребни домашни работи па да можат да заминат на државната работа,која исто така ја почитуваа и ја ценеа како лебот што го ценеја и во голема љубов према нас децата.Вредни можеби повеќе уморни од колку одморни се движеја и работеја,како што е во селски двор пол со домашни животинциња кој беа во тоа време неопходни за во една селска куќа полна деца.Во моите очи ги гледав за голем пример и до ден денес се сите спомени живи.Ни дадоја големо неизмерено богаство само тоа што можи да се најди во секој селски двор,зборувам за селото пошто сум во село израсната. Ни оставија дворец од живи спомени,не научија да го почитуваме животот да го почитуваме човечкиот род кој е дел од богаството на животот…Продолжува ...

Соња Таировска Ѓурчак 

16.10 2021 Извор 

petak, 15. listopada 2021.

УКРАДЕНО ВРЕМЕ книга бр 10

 

УКРАДЕНО ВРЕМЕ

Во видение на сопствените чекори,

се изгуби, азбучниот наслов

преместуваќи го сонот во дрвената ноќ.

Утрото ја отвори книгата,бела страница.

птиците летаат , во украденото време.

Летаќи по електронската мрежа

се губи патеката на сопствениот живот

широко се отворени вратите на светот.

Светот е голем,собран во кибриче ...

Граници непостојат,

се повлекоја под кожата на стеблото,

деската топка се изгуби во шумот на лисјата,

замолчи  дескиот глас.

Во стариот Јавор се вселија мравките со дигнато знаме

слепо изчезна во пустината азбучниот наслов

нападнат од дивите бубарчиња.

Еден ден, очите на ранобудниот народ

ќе го бара  украденото време.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 10. 2021Улм