МИРИС НА НАНЕ
Под стреата на
куќата
ветрот ја милува
саксијата
и го крева
мирисот
од расцутеното
нане.
Во страв се
распосла мирисот
пред очите на
сечилото
тонеќи во утробата
на живите јазици.
Во дното на
земјата
остана вратата
отворена
цветот и мирисот
на нането
поново расти.
Соња Таировска
Ѓурчак
03.11. 2021 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar