četvrtak, 16. siječnja 2020.

ПОТРЧА ЗБОРОТ


ПОТРЧА ЗБОРОТ                                                     Велес 22 и во книгата бр: 9

Се изкачив,на една планина
каде се протега пролета,
и првите пролетни цветови,
кој се збогуваа со снежната покривка.
 
Цветовите ги закитија клисурите,
јас, ги собирам буквите и ги редам
по боите на црвено жолти цветови.
 
Трчам,пишувам и пеам,
стигнав и застанав пред колибата
од каде се шири чад кој
мириса на темјан.
 
Се огреав во топлината
на една едина искра ,која сеуште
го чува огнот  да не згасни.
 
Потрча зборот, солзата  ја спречи.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 01. 2020 Улм.


nedjelja, 12. siječnja 2020.

ВРЕМЕТО НА ЖИВОТОТ

ВРЕМЕТО НА ЖИВОТОТ                          Велес 22  Во книгата бр:9 

Да го вратам времето,
заспано на постелата на животот.
 
Да го вратам животот и
пролета на децвото.
 
Да ја вратам младоста и
да го мирисам мирисот на розите.
 
Да го вратам времето и
да ме успиваат нотите на песните
да заспивам во убавината на звездите.
 
А сега ,зората  ме буди и
денот радост, младост  ми нуди.
 
Времето на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
12.01.2020 Улм

utorak, 31. prosinca 2019.

ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ


ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ                           Во книгата бр 9
 
 
Останаа амбарите полни со жито,
како житар, собирав и го полнев деството. 
Будна несоница, височина, воснесена 
сега над мојата родина, во дророт 
на нашата селска камена куќа.  
Излетуваат песните од амбарите, 
кој ги редам во височините 
на звезденото небо. 
Таму звездите ги галат песните, 
напишани на мајчин јазик. 
Песната ми е светилка, 
искра со који летаат воздишките и одат, 
чекорите во времето на туѓите јазици, 
со една жива надеж. 
Зрно по зрно,
буква по буква, 
збор по збор, 
песна по песна ги чувам, 
го чувам топлиот дух на една вистина 
и една туѓина во храмот на мојата душа. 
Денот светна, и ги прелистува страниците 
околу стижарот во гумното, 
во нашиот селски двор.
Огништето остана да гори,и гори
јас, понесов една искра која 
е оган во студените денови. 
Ја исполнувам празнината  
ја врзувам со уздите на далечината 
која со отворена уста молчи.
Ги слушам црковните звона,
ја слушам камбаната 
на нашата селска црква,
и воденичкиот камен, 
како ситно го мели житото,
ги слушам приказните кој ги раскажува 
Воденичарот чичко Атанас... 
Мирисот на лебот ме повикува,
ги повикува, и селаните 
кој сложно ја собраа жетвата, 
да,одморат со почит пред
мекото бело брашно.
 
 
Соња Таировска Ѓурчак  
31. 12. 2019 Улм 

ponedjeljak, 30. prosinca 2019.

ВИ БЛАГОДАРАМ

Ви благодарам...

Полека се приближува крајот на 2019 година која ја оставаме иза нас,само уште малку не дели времето да влезиме во Новата 2020 година.
Уште еднаш да се потсетиме на убавите моменти од оваа година кога чуствувавме радост,а тешките моменти тоа беша само нова лекција која требаше да ја научиме а се вика живот. Сваќаме дека животот е многу брз и едини кој нема повраток ...
Најубавите моменти во мојот живот,така и оваа година е мојата фамилија кој се гордот и радост моја.
Им благодара за сета љубов,за сите топли зборови кој во мене будат живот,насмевки топли полна душа ВИ БЛАГОДАРАМ најмили мој деца.
Голема благодарност и за оваа година сакам да исптатам по страниците на светлината и до моите сестри,роднини и пријатели.
Да ја испратиме 2019 година со почит и благодарност.
Новата 2020 година да ја дочекам со пресрет на убава мисла,благословена божја љубов,да ни биди светлина на патот кој се вика живот.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА.

Соња Таировска Ѓурчак.
28.12.2019 Улм

utorak, 24. prosinca 2019.

MK...XXX

 💗💗💗


Животот е школо
каде се учиш,
важно е после што ќе одлучиш.
Соња Таировска Ѓурчак
24.12.2019 Улм 

💗💗💗 

И во зборот светлината се раѓа.
имајте благословени празнични денови ,
кој носат среќа здравје,
радост, 
искрајност, 
вистина и вечно исполнета душа 
мисла и збор со светлината господова.

💗💗💗 


Благословена бадња вечера ,
средба со живиот Господ
Ти благодарам Господе
АМИН

subota, 14. prosinca 2019.

ВРЕМЕ БЕЗ ОДГОВОР

ВРЕМЕ БЕЗ ОДГОВОР                     Во книгата бр:9

Време без одговор,
како мека постела без сон.
 
Пишувам и песна без наслов,
песна за осаменост
песна на радост и тага,
проширена во стихови
на време без одговор
и мека постела без сон.
 
Сакам да го пронајдам одговорот
го делам стихот во стихови.
 
Посигнувам по звезденото небо
во татковината од која сум одамна одвоена
и по учебникот по историја
да го најдам одговорот.
 
Мислите летаат по улиците ,
очите останаа насолзени,
на бездомниците каде студот стега.
 
Лесно да се живее е мудрост,
а јас сум гостин
во времето без одговор.

Соња Таировска Ѓурчак
14.12.2019 Улм