utorak, 26. rujna 2017.

XXXX de


💗💗💗

Eine leben ist wie Perlenkette geneht mit glücklichen momenten.

💗💗💗

 Ich habe meine eigene lebene und glaube,..."glauben versezen berge"....

💗💗💗

 Kunst ist:
das kannst sehr gut Funzioniren
ohne das du krefte zeigst.

💗💗💗




XXXXX... МК


💗💗💗

Каде и да одиш,до каде и да стигниш и се што ке постигниш го носиш само до мостот на животот,а пото се се губи во светлината, на другата страна  царува законот на вистината.

💗💗💗

Животот е како Охридски бисер нанижан со срекни моменти.

💗💗💗

Само еден збор „кажува многу„

💗💗💗

 Многу зборови ги читаат сите мислите,мисли секогаш добро!

💗💗💗

Седи и размислувај, одговорот на молитвата стигнува. 

nedjelja, 24. rujna 2017.

ГОДИНИТЕ НАЗАТ НЕ СЕ ВРАЌААТ расказ

ГОДИНИТЕ НАЗАТ НЕ СЕ ВРАЌААТ

Се нижат една по една,се редеат измеѓу денот и ноќта,го минаа минатото го очекуваат реалното и вистината, некаде длабоко запишана во народните мудрости.Останува запис од деството од младоста живи спомени кој ќе прераскажуваат од животот од секој живит кој едноставно не се забележува.Можеби некаде далеку некој ќе ги прелистува нашите соништа,ќе издвојува нови надежи и ако ништо не е ново во овој свет, се се пофторува,како и светлината на утрешниот ден.Богатите природни спомени играат во селскиот двор и ја чуваат вистината вечно.Во дворот цветаат цветови во илјада бои тие мали, ситни, цветови кои нудат мирис на радост и младост ги откриваат сите тајни од овој свет.Пишаниот збор ги кани сите погледи да останат вечно запишани во светлината на времето. Разгранетата медена смоква од која мајками го спремаше најслаткото слатко од смокви вечно ќе раскажува за деновите кој минаа во дворот на радоста.Од другата страна се зеленее шумата која вечно зборува со тишината,се останува запишано и се пофторува како најубавите децки приказни,а годините минат.Пишаниот збор е подарок мал со големо срце за годините кој наминуваат и заминуваат.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 09. 2017 Улм



četvrtak, 31. kolovoza 2017.

БЕСКРАЈНО ЧУДО

БЕСКРАЈНО ЧУДО                                                                  во книгата бр .9.

Убавината на природата е бескрајно чудо,
колку благо и богато дарува,
насекаде во светот царува.
За возврат не очекува ни грош
нити енен талер во кош.
Цвет до цвет во илјада бои,
на секого полна душа љубов пои.
Само еден миг, да бидиме сите бескрајно чудо
мисла убава и радост на сите да дариме
мир и љубов во светот да подариме.


Соња Таировска Ѓурчак
29. 08. 2017 Улм

РАЈОТ Е ТУКА

РАЈОТ Е ТУКА

Не знам, колку е далеку сонот,
кој поминува покрај будноста
и поново патува во далечините со гласот,
кој повикува, за мир и љубов.
Рајот е тука! Сонот патува
по будноста која ја сонува само сонот.
Меѓу облаците се крие сонот....
Рајот е тука.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

ХХХХХ...МК


 💗💗💗

Зборот милува...

💗💗💗

Насмевката дарува живот и радост...

💗💗💗

Секавањата будат нов живот.....

💗💗💗

Дициплина,согласност и одговорност
се духовна внатрешна убавина.

💗💗💗

 Во пустината да се пронајди патот до вистинското зрно песок е откривање на сите тајни во животот.

💗💗💗

 Vo pustinata da se pronajdi patot do vistinskoto zrno pesok e otkrivanje na site tajni vo zivotot.


💗💗💗


Мислата е мудрост на убавите дела.


nedjelja, 27. kolovoza 2017.

ПАК Е СЕ ИСТО бр.9

ПАК Е СЕ ИСТО                                                   книга бр 9

Свети свеќа,
пред молитвата на верниците,
во времето на исповед.
Молитвата на верниците,
се распостила низ историјата,
а паежината ги покри сите сенки.
Времето остана исто,
носеќи го стравот пред себе.
Мостовите градени во страв,
ги понесе реката.
Стравот поминува
изчеснува пред чекорите на верниците.
Пак е се исто,
во молитвата на верниците 
живее љубовта
Љубовта е врзана само со љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017. Улм