četvrtak, 31. kolovoza 2017.

БЕСКРАЈНО ЧУДО

БЕСКРАЈНО ЧУДО                                                                  во книгата бр .9.

Убавината на природата е бескрајно чудо,
колку благо и богато дарува,
насекаде во светот царува.
За возврат не очекува ни грош
нити енен талер во кош.
Цвет до цвет во илјада бои,
на секого полна душа љубов пои.
Само еден миг, да бидиме сите бескрајно чудо
мисла убава и радост на сите да дариме
мир и љубов во светот да подариме.


Соња Таировска Ѓурчак
29. 08. 2017 Улм

РАЈОТ Е ТУКА

РАЈОТ Е ТУКА

Не знам, колку е далеку сонот,
кој поминува покрај будноста
и поново патува во далечините со гласот,
кој повикува, за мир и љубов.
Рајот е тука! Сонот патува
по будноста која ја сонува само сонот.
Меѓу облаците се крие сонот....
Рајот е тука.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

ХХХХХ...МК


 💗💗💗

Зборот милува...

💗💗💗

Насмевката дарува живот и радост...

💗💗💗

Секавањата будат нов живот.....

💗💗💗

Дициплина,согласност и одговорност
се духовна внатрешна убавина.

💗💗💗

 Во пустината да се пронајди патот до вистинското зрно песок е откривање на сите тајни во животот.

💗💗💗

 Vo pustinata da se pronajdi patot do vistinskoto zrno pesok e otkrivanje na site tajni vo zivotot.


💗💗💗


Мислата е мудрост на убавите дела.


nedjelja, 27. kolovoza 2017.

ПАК Е СЕ ИСТО бр.9

ПАК Е СЕ ИСТО                                                   книга бр 9

Свети свеќа,
пред молитвата на верниците,
во времето на исповед.
Молитвата на верниците,
се распостила низ историјата,
а паежината ги покри сите сенки.
Времето остана исто,
носеќи го стравот пред себе.
Мостовите градени во страв,
ги понесе реката.
Стравот поминува
изчеснува пред чекорите на верниците.
Пак е се исто,
во молитвата на верниците 
живее љубовта
Љубовта е врзана само со љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017. Улм


ДЕНОТ СЕ ВРАЌА

ДЕНОТ СЕ ВРАЌА

Денот пак се повторува во утре,
во денот на верата изчеснува
само една капка солза, пред,
пред, топлината на будноста.
Во книгата на денот,
ништо не изчезнува
денот се враќа,
кога времето некаде заминува
денот го враќа,
она што во срцето го собира,
така е, во секој ден,
денот се враќа во секое утре.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

КОГА СЕ РОДИВ

КОГА СЕ РОДИВ                                       Во книга бр.9


Кога се родив,
беше радост,
денот мирисаше на младост.
Сите звезди на небото,
беа сјајни,
се формираше само една,
на која се лепеше злато
како на пчела медна.
По должината на денот
го осветлуваше светот.
Кога се родив,
почвата беше плодови полна
разделбата од утробата
на мојата мајка болна.
И сега се се радува
со љубов се дарува
еден живот, стално нешто ново,
кажува и раскажува.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм