ponedjeljak, 30. studenoga 2015.

ЗБОР

ЗБОР

Диплам спомени,
расеани низ просторот,
закрилени во домот на небото.
Збор кои оди кон
брановите на мирните води.
Стапицата,гладно мами
и бара заталкано јагне.
Денот лета,
и пустош ноќта остава страв.
Зарем темнината е тоа.
Збор што го буни.

Соња Таировска Ѓурчак 
1. 12. 2015 Улм 

petak, 27. studenoga 2015.

ХХХ 119

Каде бисерите поцрнеа
овците не пасат трева.

*****

Во празните ореви
нема више јатки.

*****

Лушпите од протокалите
не се лепат со пари.

*****

Со пари не се купуваат
ни продаваат пријатели.

*****

Пријателството не се реди
со златници,тоа по себе е сјајно.

četvrtak, 26. studenoga 2015.

ВО ИМЕТО ТВОЕ

ВО ИМЕТО ТВОЕ


Во името твое
судбина се крие
Европа те гледа и 
сака да те скрие.
Сонува сонови разни
а желба гори во цвет се стори
сонува сонови празни.
Ти си земја,
на Балкан за пример
И оној кој  по тебе  газел
и кој те мразел
се што те боли
сега само за него моли.
Молитвата твоја е сила
за земјата наша  мила.

Соња Таировска Ѓурчак

26. 11. 2015 Улм 

utorak, 24. studenoga 2015.

МИР И ЉУБОВ

МИР И ЉУБОВ

Изворна жлезда многу брзо лачи
река солза полна
за мир и љубов плачи.
Корито полно риби,
големи и мали,стари и млади.
Течи вода, надојде река.
Дали вода до море ќе стигни,
а молитва мир и љубов на обала
бранови ќе дигни.

Соња Таировска Ѓурчак

24. 11. 2015 Улм 

ОРАНИЦИ РАВНИ

ОРАНИЦИ РАВНИ

Изорај ораници равни,
посеј семе, желби живи
род да родат,семе светлина да види
ораница градина да биди.
Пренеси желба жива
на лист бел од свила
букви да се редат со љубов мила.
Вечно да останат тука
а, земја од род да пука.
На ораници равни
благослов и род.
Сонцето, подарок прати.

Соња Таировска Ѓурчак

24. 11. 2015 Улм 

nedjelja, 22. studenoga 2015.

ПОД ШАМИЈАТА

ПОД  ШАМИЈАТА

Се реди радос,тага и милост
кој ја мери тежината на животот.
Во мигот на тишината,
одекнуваат, скриени зборови
под шамијата, на една старица.
Која веќе одамна замина.
Утрото се разбуди, и
раскажува за сонот и за
цветната шамија
која плива во езерото.
А зборовите, подаваа рака
кон сонцето молеа за спас.
Како се мери животот
остана неодговорено прашање.
Под шамијата на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2015 Улм


subota, 21. studenoga 2015.

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

Како млад музичар,
со духовна ферквенција,
засаде ноти по златните звезди.
Ги отвори сите врати а,
зборовите останаа нанижани на крст.
Немирот ја помрачи светлината
низ темнината одекнува фенерот
пред правецот на вистината.
Никнува родот, од благородните мисли,
жива желба од животот.
Од прегратките на градината
се разнесоа цветовите,
од последниот трендафил
кој потрчаа кон златните звезди
и се приковаа во просторот.
Во законот на животот.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 11. 2015 Улм