petak, 6. lipnja 2025.

САКАМ ДА ТЕ СРЕТНАМ

 САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

Времето минува, низ моите поседени коси
патуваќи со туѓата цена на сонот.
Денот ме буди , во пригодата на вистината,
да се сретнам восебе, во сопственото Јас,
пред отворената книга.
Сакам да се сретнам
со сенката на белиот облаг.
Со буквите исплетени низ корењата.
Да ги прелистувам страниците,
со белите букви испишани на цветниот баграм .
Под белите цветни букви
душата го крие шумот на Татковината,
а една солза се тркала како карпа
паѓајќи во потокот на тишната
и осветлуваќи ја Татковината.
Соња Таировска Ѓурчак
11.05.2023 Улм

МК

 „Проговарам и се сеќавам уште од младоста ,точно уште тогаш ја почувствував среќата на животот. Истото чувство ме следи и денес, како и пред многу години. Тоа што еднаш ќе го видиш и ќе го доживееш, останува со тебе засекогаш , расти,цвета во цветната градина на животот, како заплет од младоста што никогаш не те напушта.“




Драги мои родители,

Иако веќе не сте физички со мене, вашата љубов, вашиот глас и вашите зборови одекнуваат во моето срце секој ден. Ви благодарам што ми дадовте живот, што ме воспитавте со љубов и чесност, што ми покажавте што значи да се биде добар човек.

Секој ваш совет, секоја ваша жртва, секоја ваша прегратка, засекогаш ќе ги носам со себе. Ви должам сè што сум денес. Ви благодарам што бевте моја сила, мој пример и мој дом.

Недостигате неизмерно. Нека ви е вечен мирот.  Ве сакам засекогаш.

Вашето дете Соња.

06.06 2025  Улм


četvrtak, 5. lipnja 2025.

МК

 Една убава мисла и потсетник во секојдневијето,не забораваја добрината што си ја добил од богочовечката душа,која ти подала рака и те подигнала од дното, ја бараше светлината, кога се друго беше мрак околу тебе...Не заборавај! Благодарноста е света и се чува во душата...Не заборавај!

МК

 

💗💗💗

Верувај во зборот што од срце и душа излегува...

💗💗💗

Во зборот има светлина ,ако не ја кажуваш вистината ја касииш твојата светлина која станува темнина. 

💗💗💗

Еден убав збор има моќна сила да го промени светот.

💗💗💗

Веувај во зборот а мисли што зборуваш и кое светло пред очите го палиш и гасиш.

💗💗💗

Животот е преубав кога гледаш со сопствени очи,и без лажни коментари...


Соња Таировска Ѓурчак

05.06.2025 Улм 

srijeda, 4. lipnja 2025.

МК

 

 💗💗💗

Тишината не создава прашина

ни пак магла продава...

 

💗💗💗 

Животот нуди многу, тивко ветре,со цветен мирис,

можи да стани и  силна олуја

и го сменува смерот на патувањето,

останува само заборавено чуство...

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак

04.06. 2025 Улм 

nedjelja, 1. lipnja 2025.

МК

 💗💗💗

На секое дрво, лисјата му даваат убавина,исто така и зборовите наши се украс на нашата душа, ја откриваат внатрешноста на човекот...

💗💗💗

Зборот е огледало на душата, карактерот и мудроста...

💗💗💗

Начинот на кој зборуваме и што зборуваме тоа е по што не паптат другите...

💗💗💗

Зборовите се стрела или сабја,еден збор проговорен не се враќа,или сечи како сабја..

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

01.06.2025 Улм 

subota, 31. svibnja 2025.

БУРАТА ВО ВЕНИТЕ НА МОЈОТ ЖИВОТ.

     БУРАТА ВО ВЕНИТЕ НА МОЈОТ ЖИВОТ


Бурата, ме фрла по обалата
по карпите кои речиси се невозможни да ги совладам.
Вените пукаат под струјата на силната бура.

Со мислите бегам, трчам,

мислам, незнаев дека  ова е една празнина во светот,

мислев, дека светот ќе ми  подаде рака

за да ја совладам бурата на животот.

Знам, дека ова не е сон.

Знам, бурата на животот не се совладува со десет прсти.
Знам дека постои нешто посилно,
нешто помоќно и од самата бура
а тоа е длабоко неоткриено во мојата душа.

Како приказна, приказна од еден живот
кој неуморно оди,
оди некаде, како уморен патник
кој уште патува,патува по морето,
водено од бурата на животот.

Далеку е мојот дом
од таму од каде што дојдов,
каде што пораснав,
претрчувајќи по калдрмата
потскокнуваќи, го броев секој камен.

Денес, во овој бурен живот,
по улиците асфалтирани,
по пешачките патеки немам што да бројам.

Само силно ја чувствувам бурата,
која неуморно ме занесува.
А вените во мене се шират секојдневно.
Неможам да ја победив бурата.
Но научив да одам низ неа,и сонеа.

Соња Таировска Ѓурчак

25.05.2025   Улм Германија