petak, 23. svibnja 2025.

ДЕН НА РАДОСТ кн 11

 

ДЕН НА РАДОСТ

Со светлината на денот се распосла радост

во слава и младост,

раце шири со прегратка топла

секоја душа со слава и младост ја кити.

Во светлина небесна се буди глас,

денот на радост за сите нас,

со светлина љубов нека оди

денот на радост нека не води.

 

Соња Таировска Ѓурчак

23.05. 2025 Улм

 

utorak, 20. svibnja 2025.

ПИСМО ДО КИРИЛ И МЕТОДИЈ

 

ПИСМО ДО КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Ви пишувам,драги браќа наши

во почит и благодарност света,

што ни го осветливте мракот пред очи

ни дадовте азбука збор кој збори.

Во секоја  буква света љубов гори

азбуката ваша и светлина света

на секаде во светот се пишува зборот и свети.

Не е само збор и буква

и зора  што светлина  носи и

ова писмо благодарност до Вас носи.

Кирил и Методиј,  драги браќа наши

со зборот ваш Ви пееме и пишуваме слава

Одекнува низ векови оваа  песна

во светлина и слава за браќата наша.

Ти благодарам Кирил

што мудроста твоја остана да не краси,

Ти благодарам Методиј

за љубовта твоја што остана да здрачи.

Автор.

Соња Таировска Ѓурчак

20.05. 2025  Улм 

 

subota, 17. svibnja 2025.

ПОЧИТУВАНИ

 Почитувани,

Вашите деца се и наш македонски украс.Во просториите на македонскиот Клуб Кирил и Методиј се организира децки ликовен проект ДА РАСТИМЕ ЗАЕДНО.Вашите деца ја имаат благородната почит од Организаторскиот Одбор да учествуваат во овој проект со нивните први ликовни слики по нивна желба.
Во Клубот Кирил и Методиј
кој работи секоја недела од 16,00 часот на
Platzgasse 18 vo Ulm
За поширока информација на телефон
Соња Ѓурчак
01627851866
Со почот од Раковоството на Клубот.
Кирил и Методија
17.05 .2025 Улм

četvrtak, 8. svibnja 2025.

БЕЛ ЗБОР

 

 

БЕЛ ЗБОР

Перд прагот на тишината

од срцето на една радост

на работ во една убава надеж

пишувам песна со бел збор.

Ја испраќам по тивкиот ветер

Нека ги поздрави сите души

Нека ги разбуди сите бои

светлината и силата на зборот.

Од секоја уста нека цвета

Убавиот бел збор.

Соња Таировска Ѓурчак

08.05.2025 Улм

БЕЛ ЦВЕТ

 БЕЛ ЦВЕТ 

Бел цвет ти праќам мила 

под роса тивка, во срце надеж.

Пред зборот молчам,

цвет порака ти праќам 

во мирис ти кажувам се.


Те сонив ноќва,во месечина полна 

бела секна ме водеше кај тебе мила 

Во рака пламна цвет без глас 

а, срцето ми пее, уште си ти мој спас.


Ако денот ти згасни без збор 

неслушај гласови, читај го зборот мој.

На лист од цвет,во белото немо 

љубовта шепоти нез време и немо .


Соња Таировска Ѓурчак

08.05.2025 Улм 






subota, 26. travnja 2025.

ВЕРУВАЈ ВО ЗБОРОТ Афоризми

 ВЕРУВАЈ ВО ЗБОРОТ.

„Зборот е семе што го садиш во срцето на светот.
Слушај се што зборуваш,
зашто твојот глас гради патишта на љубов или на болка.
Избери да зборуваш со љубов,
избери да бидеш светлина меѓу луѓето.
И не заборавај: еден искрен збор има сила да го промени светот.
Зборот и јазикот се најголемото богаство и оружје.„
ВЕРУВАЈ ВО ЗБОРОТ.

Соња Таировска Ѓурчак
26. 04. 2025  Улм 





💗💗💗

Верувај во зборот што од срце и душа излегува...

💗💗💗

Во зборот има светлина ,ако не ја кажуваш вистината ја касииш твојата светлина која станува темнина. 

💗💗💗

Еден убав збор има моќна сила да го промени светот.

💗💗💗

Веувај во зборот а мисли што зборуваш и кое светло пред очите го палиш и гасиш.

💗💗💗

Животот е преубав кога гледаш со сопствени очи,и без лажни коментари...


Соња Таировска Ѓурчак

05.06.2025 Улм 



ПОЧИТУВАНИ ФБ ЧИТАТЕЛИ

 Sonja Durcak

Почитувани фб читатели,пријатели,познати кој ги прелистуваме овие страници,со желба да прочитаме да сретниме,стекниме пријатели со кој можиме да поделиме радост и многу среќни моменти од нашиот живот. Со можноста на пишаниот збор да поделиме искрајни чуства,насталгија,гордост и секојдневије.
И благодарам на оваа текника која ни ги овозможи овие преубави моменти.
Но денес е една друга нова ситуација за која немам одговор,на безбројни прашања останувам без одговор:
Каде згрешивме?
Што е тоа што помина пред нас и не ни забележавме?
Каде отиде она на што се радувавме?
Кој ни ги кради деновите?
Кој ни ги затвора портите?
Кој не одвојува од најсаканите?
Кој ни ја зема светлината?
Кој не осудува на страв?
Дали сами го создадовме овој вирус?
Дали треба да измениме нешто во нас?
Дали е ова само една нова лекција која треба да ја научиме сите заедно?
Дали треба пораката од Атиџе Медена Земја да ја разбериме и да ја прифатиме?
Дали треба љубомората да ја избришиме?
На омразата да не и даваме простор,да ја прифатиме љубовта?
Да се почитуваме?
Да се сакаме со Богочовечката љубов со која сме дојдени на оваа преубава Господова Планета?
Водата која преставува живот да ја благословуваме и да и се заблагодаруваме?
На земјата по која се движиме да и се заблагодариме овде е рајот.
Денешната финанција велам е добра,но кога сите би биле во можност да бидиме до некоја граница можни и таа благосостојба да ја делиме това е радост. Можеби уште едно :
До кога ќе трае сето ова...Ова и уште безбриј пашања остануваат не одговорени...
Со почит од
Соња Таировска Ѓурчак
06.05.2025 Улм