utorak, 22. travnja 2025.

ПИСМО ДО ТАТКОВИНАТА ДО МОЈАТА РОДИНА кн 11

 


 

Писмо до Татковината
До мојата Родина

Ти пишувам, мила моја земјо, од бел свет, од земја што не ме роди, а ме пречека и ме прифати. Животот ме однесе под туѓа стреа, а срцето ми остана врзано за коренот на стариот даб во твојата почва, и под сенката, тишината сега тагува како и јас овде.

Не поминува ден да не те спомнам секогаш ми стоиш во мислите.

Те слушам во тишината и во шумот на тивкиот ехо во песната што мајка ми ја пееше додека полнеше вода од кладенчето.
Секој
камен, секој цвет, секој поглед од нашите полиња ми се близоку тука овде и сега. 

Овде  има сè, само тебе земјо моја те нема тука.  

Ти Родино, си богата со сè што не се мери и купува со пари. Секој нов ден тука ме учи на нешто ново, но секој миг далеку од тебе ме потсетува колку длабоко си вткаена во моето срце.

Знам дека сум далеку, но во мене постојано одекнува гласот од твојот јазик, твојата песна, мирисот на лебот што го месеше мајками и го печеше во камената наша фурна.

Ѕвоното на селската црква, и песната што некогаш се слушаше по калдрмита.

Ништо од тоа не е избледено. Сè живее во мене – силно, гласно, свето.

Те носиме како аманет во зборовите на песната. Ти си корен кој не се корни.

Горда сум,што сум твое чедо. Што ме научи да не ја наведнувам главата, да зборувам право  и искрајно што мислам, да ја кажам вистината, да љубам длабоко и да страдам тивко

Ти си ми корен, стебло и гранка, сол и леб, сонце и сенка.
Сакам да знаеш – колку и да сум  далеку, во срцето те чувам и секогаш си блиску.

Те сакам Родино,Ти благодарам Татковино.

Со поклон и љубов,
Твоето дете од туѓина

Соња Таировска Ѓурчак

21.04. 2025 Улм 

nedjelja, 20. travnja 2025.

ЧЕСТИТКА

 

Честитка за постигнатите успеси

Со светлината на денешнината и воскресението на убавите дела,
што ја градат вечноста и го обликуваат нашето утре,
со срце полно љубов и восхит,
ти честитам за секој достигнат успех.
Нека понатамошниот пат биде уште посветол,
исполнет со творечки инспирации и моќни достигнувања.
Твоето дело зборува – и за сегашноста, и за иднината.


нај убава честитка за постигнатите успеси кој се дел од нашето утре а денес со светлината и воскресението на убавите дела кој пишуваат вечност честитам со полна љубов и понатамоши творечки и моќни успеси.

subota, 19. travnja 2025.

МАКЕДОНИО,ТЕ ПОНЕСОВ кн 11

 

 

МАКЕДОНИЈО, ТЕ ПОНЕСОВ

Те понесов, Македонијо,
во срцето мое скриена тивко,
како икона стара во торба од соништа,
како лебот мајчин, секогаш блиско.

Во туѓина, низ улици без име,
ти ми беше патоказ и светло,
низ секој здив, низ солза тајна,
ти ми пееше: „Не заборавај, дете.“

Твоите зори ги сонувам често,
мирисот на дождот на калдрма стара,
ѕвонецот на црква, шепот на ветар,
и мајка што чека — без збор, но со вера.

Македонијо, те понесов тивко,
не во куфер, туку вграденa во мене.
Ти си мојот збор, мојата песна,
мојот корен, моето време.


Соња Таировска Ѓурчак 

19.04. 2025 Улм 


МОЈАТА РОДИНА кн 11 преработување

 

 

МОЈАТА РОДИНА

Мојата татковина – сонце што грее,
во срцето мое тајна се влее.
Со небо сино и реки што пеат,
низ полиња златни ко мисли шетаат.

Гори и ливади, стариот дом,
камен и песна – вечен симбол и гром.
Секој чекор тука душа ми буди,
родна ми земјо, љубов ме суди.

Под ова небо, секогаш јас сум,
со тебе, Родино, до последен шум.

 

 

ВЕРМЕТО ЗБОРУВА преработување

 

ОДАМ БОСА

Одам боса низ росна трага,
земја ме љуби, небото прага.
Тревка ме гали, шепот ми пее,
душа ми шета, срце се смее.

Чекор по чекор, не носам ништо,
само тишина и мирно дишење.
Во боси стапки – светот се буди,
со љубов тивка, чекор ми суди.

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА

Времето зборува – тивко, без глас,
низ брчки на лисја, низ сенка и пас.
Во капка од дождот, во ветерен здив,
тоа ни шепоти: „Сѐ мине, и сѐ жив.“

Ги чува тајните во часовник стар,
во поглед на мајка, во изгрејсончар.
Не трча, не суди, само стои тука,
со спомен во рака и љубов што чука.

Времето зборува – слушај со срце,
ќе чуеш приказна што само тивко врне.

МК

 Нека тишината на Големиот Петок ја исполни твојата душа со мир,

нека жртвата Христова те допре со љубов и надеж.
Во оваа света тишина, нека се роди силата за простување,
за нов почеток и светлина во срцето.

Со вера, смирение и благослов –
чекориме кон Воскресение.


 

Од срце Ви благодарам, мила Соња 🌿
Нека ве опсипе Божјата светлина со тивка сила,
нека Ве води љубовта, верата и мирот низ сите денови што доаѓаат.
Голем благослов за Вас и за Вашите најмили – денес, и секогаш!
🙏✨

Христос страда за љубов,
а љубовта не згаснува.

🌿 Честит Голем Петок 🌿

ТАМУ ВО РОДИНА

 ТАМУ ВО РОДИНА


Таму во родина,под небесен здив,

кај што сонцето  зората ја буди,
таму кај шумите, шепотат приказни стари,

а срцето грее со спомени бели и жари.

Покрај реката што во детството ми пееше

и под липата што во душата ми грееш,

таму стапки  оставив боси

во родина што мириса на пролет и роси.

Од рид до рид,ехо носи глас

 мајчина песна нежна како од славеј глас

од татко поглед строг како војник друг,

таму растев како корен во длабок плуг.

А сега  кога патот ме однесе далеку

а, срцето чезнее,вреска во ехо меко

Јас уште сонувам под туѓо небо,

дека пак ќе се вратам ...

Таму во далечина,под звезден сјај,

уште светло свети мојот роден крај 

не заборавај ништо не е далеку кога се сака 

ти живееш, и нека е сон,

во мене во прегратка топла и во вистински  сон.


Соња Таировска Ѓурчак 

18.04.2025 Улм Германија