četvrtak, 17. travnja 2025.

МК

 1

Нека ти мириса пролетта на љубов, 

нека ти носи пролетна инспирација,  

поетска инспирација и тивка убавина.

2

Нека мириса пролетта на љубов,
нека носи пролетна инспирација,
поетска инспирација и тивка убавина.

Прекрасно е

тоа да се слушне! Радоста и благодарноста се како светлина што го осветлува и најтихото утро. Бог да Ви даде уште повеќе мир, љубов и благослови во срцето и патот. 🙏🌸

Соња Таировска Ѓурчак
17.04. 2025 Улм

МИРИС НА ПРОЛЕТ кн 11

 

МИРИС НА ПРОЛЕТ

Во утринска тишина, се буди светот,
со мирис на јоргован и топла земја
.
Сончев зрак се спушта врз гранките голи,
и нежно ги гали, како мајка што збори.

Во воздухот плови спомен од дете,
што босо трча низ трева зелена,
со смеа што звучи како флејта во ветер,
и очи што сјаат од радост зелена.

Се отвора цветот, без да праша,
дали светот е подготвен за убавина.
Се враќа птица од долгото патување,
и пее за дома, за срце и слобода.

Пролетта не доаѓа со врева и глас,
туку со мирис – тивок и драг,
како шепот на љубов од првата прегратка,
како здив на нов живот, на надеж и праг.

Пролетта дојде – тивка, а моќна,
во моето срце засекогаш ќе остане.
Со мирис на надеж, љубов и светлина —
ја запишав оваа песна...

Автор: Соња Таировска Ѓурчак
17.04.2025 – Улм

 

utorak, 15. travnja 2025.

mk

 

 💓💓💓

Пред да почниш да го критикуваш туѓото,

погледниго своето...

 💓💓💓

Нај големиот сведок за се и во се е огледалото...

 💓💓💓

Во секој песок има дијамант

Како во секое жито кокољ...

              💗💗💗

           Учиме од животот,

            не кога е мирно,

            туку токму кога најмногу нè

            носи бурата на животот.

                💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

30. 11. 2024 Улм

 

 

 

 

nedjelja, 13. travnja 2025.

ЗА ЕДНА ЉУБОВ песна по порачка на Јовановски

 

ЗА ЕДНА ЉУБОВ

 

За една љубов свенав како цвет

За еден бакнеш останав жеден како  река сува.

А, твоето срце каме се стори

И со друг замина и оди.

 

Не не немолам за љубов

Сега знам што значи да љубиш

рана на душа остана да боли

знам и  ти сега мене ме губиш.

 

Јас сум човек кој живее и знае да сака

се едно колку во овој момент ми е мака.

Судбината таква ни била

Еден туѓинец  одмене те зеде мила.

 

За една љубов свенав како цвет

За еден бакнеш останав жеден како  река сува.

А, твоето срце каме се стори

И со друг замина и оди.

 

Соња Таировска Ѓурчак

13.04.2025 Улм

 

 

petak, 11. travnja 2025.

МК МК МК

 

Кога ке те разбудат убави радоси ,денот ги отвора сите врати на радоста и реката жубори само за радост,речните бранови ја милуваат радоста а птиците највесело се придружуваат во радоста на денот.Ти благодарам преубаво утро за се ...

srijeda, 9. travnja 2025.

МК

 

Богаството не се стекнува со алчност

благсловено е од Бога

она што е со пот заработено,

и секогаш има доволно.

subota, 5. travnja 2025.

МК

 



Зборот е жив,и се движи  како пчела во рој

Зборот можи да повреди,можи да донеси болка да убие,

А можи да биди МЕД мелем на рана.

Соња Таировска Ѓурчак

05.04.2025 Улм