petak, 12. siječnja 2024.

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

 

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Додека живееме и веруваме во Слободна Македонија а во џепод носиме бугарски пасош,и со првиот лет заминуваме од таа наша Татковина,бегаме од нашето големо достоинство, кое тони по дијамантите кој се распослани на туристичката плажа во песокот .

Додека нестразумот на уморните умови ги матат бистрите води од длабочините на изворите,ги кријат бисерите македонски и ги фрлаат по светот, незнаеќи дека сето тоа е љубов во ова преубаво вековно време.

Со сила и страв сакаат да и се спротистават на љубовта,на Македонија а поетите пишуваат и творат како уметници ,а вистината им бега пред пенкалото.Дали е вистина или само еден сон по кој сите трагаме по слободата во која не живееме или подобро кога би живееле.

Ја сакам Македонија. Одговорот е  единсвен и вистински, мера нема да се кажи, колку можи да сака човечко срце и колку можи да издржи.

Во овие денови нема место за тага иако од сите страни навираат прекари и лаги....

Ново крштевање што е тоа??? дали можи некој поново да те крсти во името твое да царува ??? Во ови денови нема место за тага,сега, здрав памет се бара, мир и радост во очи да се види и со здрав ум да се биди.

Македонските корени се длабоки, раснат и дишат во тајната на вистината,благословена од Бога уште пред Христовото раѓање,останува тајна за која трагаат народите и денес, не само на балканот туку пошироко во светот.

Верувам дека нашата вера ја определува нашата иднина, нашата вера е најблиску поврзана до бога и се што е добро за Македонија. Кога се сретнуваме со зборот Македонија и Македонците доаѓаме до името на Адам и Ева кој се исто така создадени од Бога како и нашата Родина,Татковина Македонија.

Се е поврзано во светот и со светот,искуството, условите, истражувањата, очекувања во фазите на животот и во многу други добивки и  здобивките на бугарските пасош  тоа се само услови на живот.Имаме ли избор на слободна воља или тоа е сопствена војна .

Да направам нов избор,да се откажам од досегашниот кој се врти само во затворен круг на дествување, што би ми понудил светот,во надворешните верувања во кој има создадени услови и од кој можад да останат последици  како кај Адам и Ева.

Баш тука се родив во оваа недопрена благородна и чудесна земја,дали беше грешка или беше залагот од црвеното јаболко што сега стои во душникот кој почнува да ме гуши трагаќи по доброто на мојата земја кое се дели пред границата на вистината и надешта за подобро утре.

Науката го потвурдува она што е веќе кажано е и пренесено како кај Адам и Ева  или како Духот и материјата,така е и не откриено богаство Македонија и Македонците.

За да се влијаје се создава и услов или се условува,а условите секогаш доаѓаат од надвор,кој мора да се прифати таков каков е или подобро кажано каков е во заповедот.

Чудесна е оваа земја која живее како една жива приказна во историјата и во чудата и законите на природата,а уште е почуден и неразбирлив е човечкиот разум кој неможиш да го објасниш ни разбериш и на својот македонски јазик .Чудата се зачудувачки и невобичајни за еден пристоен живот во оваа наша чудесна македонија или н чудесни македонци,

Во зборот сободна Македонија наоѓаме утрхаи учиме уметнички вештини во кој се залажуваме а вистинскиот пат и правец во оваа чудесна земја не го наоѓаме.

Те сакам Родино , Ти благодарам Татковино.....

Соња Таировска Ѓурчак 

12. 01. 2024 Улм 

Напишано за Сара Јованова  од Скопје 


petak, 5. siječnja 2024.

НАЦРТАВ ЦВЕТ кн 11

 

 НАЦРТАВ ЦВЕТ 

Нацртав цвет во градината цветна,нацртав цвет на постела мека ,во боите на еден чуден сон. Испратив цвет пред војната за мир,под синото небо на бездомницте стуткани и гладни,смрзнати и боси ги прередуваат цветовите во бои во боите на светот.Нацртав цвет.

 

Соња Таировска Ѓурчак

05. 01. 2024 Улм

ГО СКИНАА ЦВЕТОТ кн 11

 

ГО СКИНАА ЦВЕТОТ

Го скинаа цветот пред римата

цвет со цвет.

Го скинаа цветот пред римата

боја со боја.

Го скинаа цветот пред римата  

глас со гласот.

Животот, скаменет и суров!

Чекори меко пред влезот

го скина цветот.

Скаменет остана цветот

во бојата на очај...

Остана цветот испишан во стих

од убиците на еден млад живот!

Измеѓу небото и земјата леташе гласот

на малолетницата Вања пред убиците,

Убиците го скинаа цветот...

 

Соња Таировска Ѓурчак

05.01. 2024  Улм

srijeda, 27. prosinca 2023.

ЗВОНАТ ЗВОНА кн бр 11

 

ЗВОНАТ ЗВОНА

 

Звонат, звона и ангели пеат

земја се треси, од небо  светлина паѓа

духот свети се раѓа.

Исус се роди!

Божиќна песна Марија пее

за љубов во секој дом.

Сега и сите 365 ден во новава година

Добредојде во домот мој .

Ти се роди од божиот збор

тивко во ноќта од  духот свети

и ја пренесе сета

господова љубов во  сите нас.

Звонат звона и анѓели пеат

Исус се роди!

 

Соња Таировска Ѓурчак

25.12. 2023 Улм

srijeda, 20. prosinca 2023.

МК

 

Публиката се радува

на туѓа невоља.

 

Никој неноси терет

ако не е платен.

 

Во животот секаде се касни,

само смрта е точна во животот

и никогаш некасни.

 

Куката е празна

ако не е изполнета со љубов.

 

Годините минат брзо

а, денот е долг.

 

Соња Таировска Ѓурчак

20. 12. 2023 Улм

 

 

 

 

utorak, 5. prosinca 2023.

МК

 

Кога паметот заборава,

а,срцето престанува да чука  

останува само духот вечен.

 

Кога устата е полна со мед

Нека небиди срцето полно со отров.

četvrtak, 2. studenoga 2023.

БОИТЕ НА ЖИВОТОТ кн бр 11

 БОИТЕ НА ЖИВОТОТ

 Одминуваат и не прашуваат ништо.

Раздиплени по ливадите на денот

поднебесието на звезденото небо.

Обележуваќи ги брчките на жената

наведната над колевката  над новороденчето.

Со насолзени очи го чека домаќинот  

да се вратат од печалба.

Чудотворецот на мислата и јазикот е зборот,

кој се топи и кова во боите на животот.

Само во боите на очите останува летото

и во браздите на почвата,

а пченицата уште не е доздрејана.

Вртеќи  се по патот на печалбарите,

еден ден ќе се вратат во  боите на животот.

Времето ќе го затрупа бунарот,

А водата продолжува во другиот правец

на тишината и во боите на животот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.11. 2023 Улм