četvrtak, 14. srpnja 2022.

МК

 ТЕШКО Е ДОДЕКА ДА СЕ СОВЛАДЕЕ ТЕШКОТО ,

ПОТОА ДОАЃА ЛЕСНОТО.
Соња Таировска Ѓурчак


četvrtak, 9. lipnja 2022.

ЗБОРОТ ОСТАНУВА ЗАКОН бр 11

 

ЗБОРОТ ТВОЈ ОСТАНА ЗАКОН бр 11
Душата и телото се вечен живот,
одговорот останува неодговорен...
Сега,тука утре се е исто како и вчера.
Животот е сон кој го сонувам будно.
Мајко не сакам повеќе да плачам
Твојата свеќа,со солза да ја гасам.
Во зора рана Ти ме будиш
нова нада во секој ден ти ми нудиш.
Молчам пред олтарот
на твојата сакана мајчина душа,
уморно клечам и молам на гробот твој,
а по лице се лееат солзи рој.
Ти благодарам,што ме донесе на овј свет.
на твоите неспијани ноќи.
Те гледам како будно ме чуваш,
како ноќта ја правеше во ден,
а денес, тагата ја претвораш
во цветна пролет на љубовта вечна.
Молчам пред олтарот на твојата љубов
уморно, стојам насекаде те барам
Ти си мајко пролет и љубов вечна.
Те сакам, во срце те носам, од сите те кријам
љубовта твоја има точна адреса
која во гради мои бие,
зборот твој остана закон.
Соња Таировска Ѓурчак
09. 06. 2022 Улм

ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА бр 11

 






ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА           бр 11


Покојникот ги брои мртвите стебла

и ги запишуа кривините

на сопственијот ум.

Денот молчи, длабоко во шумата

го влечи обоеното јаже

ја бриши пота од облакот на лицето.

Згужваните прсти

ги собираат растурените мравки

под светлината на сивата масечина.

Длабоко шуми шумата

гласно крцкаат вратите,

и ја разголуваат тишината.

Покојникот замина,

по патеката на времето

со стегнати раци

во некое друго време.

Повикот остана на сопствената адреса.

 

Соња Таировска Ѓурчак

02.06.2022 Улм

 

 

srijeda, 25. svibnja 2022.

МК

 

Секое добро во животот се множи,носи и станува поисполнет и помирен живот кое извира од сопствениот ум ...

Свеста ,чесноста интелегенцијата се вродени во секоја душа тие не можиме да ги добиеме или купиме подоцна во нашиот животот,...

Човечката душа е најмоќна која можи да реализира се за сопствена среќа а исто времено да неусловно помагаат...

 

subota, 26. ožujka 2022.

Aforizmi MK

 


Не дозволувај очите да бидат
поголеми од душата,
ни земјата потешка од љубовта.


Мајчиниот дар и Господ
го размножува...


За земјата цена нема, не е купена сопот платена е со крв.


Карактерот не е ни од бога ни од рода...


Куќа да градиш нетреба многу
Карактер да градиш или купуваш скапо ќе го платиш...


Не верувај на никого,секој работи САМО за сопствен интерес
во биснисот нема ни рода ни бога.


Во умрената душа нема љубов...


Во туѓото нема благослов..


Соња Таировска Ѓурчак
26.03.2022 Улм

četvrtak, 24. ožujka 2022.

БЕРЗА НА СОНИШТА книга бр.10

 

БЕРЗА НА СОНИШТА

Молчам,мислам дека зборувам

пред списокот на минатото

во текстот на иднината.

Ја заклучувам вратата однатре.

Од денес, ја прекинувам најавената програма

да го задржам само сонот

на блиските кој замолкнуваат

пред безата на соништата.

Од оваа вечер ги снимам сомо

соништата на поетите.

Полноќ е, земјата се врти кон денот

и праќа порака на семејството на животот.

Кога денот поново  се раѓа,

се раѓа и вистината од претците

за берзата на соништата.

Времето молчи и ја запишува отсутноста на Земјата  

од плоштадот на еден заборавен сон.

Соња Таировска Ѓурчак

23.03. 2022 Улм