ponedjeljak, 8. veljače 2021.

МЛАДОСТА ОСТАНУВА

 

                                                                                                                                   Во книгата бр;9 

МЛАДОСТА ОСТАНУВА


Живеам во времето кое е живо,

животот кои е сега во времето

и животот кој е вечност во песната,

но сепат толку краток.

Тишината молчи,

пред времето кое се топи,

во просторот на топлата мисла.

Детските гласови одекнуваат

пред ветрот на животот,

а Јас чекорам ,

и се огледувам во огледалото на твоите очи

во денот,

а ноќта останува таму.

Плачи животот кој минува

и се топи како свеќа

пред гробницата на еден живот.

Младоста останува

сите птици ја пеат песната безсмртница,

која ја слушам секојдневно

содржината и одговорот

на овој животот е вечен,

само младоста во животот останува.


Соња Таировска Ѓурчак

08.02. 2021 Улм


srijeda, 3. veljače 2021.

MAKS

 

    MAKS

    To je taj moj pas

    koji se zove Maks.

    Tvoje sape grle svakog gosta moga,

    glas tvoj cuva

    ovog praga moga.

    Hvala tebi sto si uvjek budan

    hvala tebi sto me cuvas.

    To je taj moj pas

    koi se zove Maks.

    Sonja Tairovska Durcak

    03. 02. 2021 Ulm

ponedjeljak, 25. siječnja 2021.

Афориѕми МК /5

 

💗💗💗

Секое утро денот се раѓа,

не очекувај,

чудо да ти падне од небото,

Ти си тој што треба да го создадиш чудото во денот

које ќе те води напред ...

 

💗💗💗

Многу добар народ има во овој свет.

💗💗💗

 

Поднебесието е зачетие во утробата на секоја Мајка

од каде се раѓа секојдневијето.

💗💗💗


Умната ставка е највисоката моќна сила

која е од голема важност во човечкиот род,

и е клуч од секоја врата...

💗💗💗


Пријателството е природен развој,

кое не е подржано од надворешнијот развој

на моќ или богаство,

во се има вистина и рамнотежа.

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак

31. 01. 2021 Улм

utorak, 19. siječnja 2021.

ТЕ ЉУБАМ

 Во книга бр.9

ТЕ ЉУБАМ         


Не,не се страмувам,

по кој знаеј, кој пат да ти кажам,

земјо моја,Те љубам

и дека силно те љубам.

Гордо стојам во храмот на твојата љубов,

каде ме милуваат твоите ангелски крила

и времето кое носи убава пролет.

Во секоја нова зора ти подавам рака,

да ме водиш до изворот на твојата река,

лице да мија, и крстена вода твоја да пијам.

Те љубам родино моја

Ти благодарам Татковино моја.

Силно, го пoмнам детството

додека заспивав во чаршавите

извезени со свилен црвен конец.

Додека заспивав во боите

на твоите килими

исткаени од мајчините раце.

Јас заспивав во вистината

и со песната на ангелите.

Како секое дете,

тонев во стравот на тишината.

Само еден глас одекнуваше во одајата

и раскажуваше за твојата младост,

која е запишана по страниците на стариот завет.

Како дете не ги распознавав островите

неможев да ги измерам ветровите

нити да ја соберам водата од езерата

кој се украс на твојата душа.

Сега растам со молитвата

пливам со струите на новиот завет.

Раците ми се полни со бисери,

секој бисер е нова молитва

која се поновува од детството

на љубовта.

Во песните се запишани песни,

кој имаат уште толку многу простор

да се пишува и да ги раскажува сите убавини

кој се родени со твојата светлина.

А јас патувам и ја барам твојата

адреса во туѓа земја.

Поезијата е точна адреса,

со солза е запишана

твојата адреса во моите очи, земјо моја,

и колку да сум далеку секогаш си сомене.

Денес кога се смирија сите ветрови

овој ден чекаше на станицата

на која секојдневно ја минам улицата,

чекаше да ги напишам овие стихови,

улицата која љубов се вика.

Не, не се страмувам,

по кој знаеј, кој пат да ти кажам,

земјо моја,Те љубам

и дека силно те љубам.

ТЕ ЉУБАМ МАКЕДОНИЈО МОЈА.



Соња Таировска Ѓурчак

19. 01. 2021 Улм /Германија Велес Македонија

četvrtak, 7. siječnja 2021.

ПОКРАЈ ОГНИШТЕ СМЕ ЗБРАНИ

 

ПОКРАЈ ОГНИШТЕ СМЕ ЗБРАНИ

 

Сите покрај огниште сме збрани

под вршник погача се печи,

мајка со рака парче по парче ја сечи.

Вонеа Македонска пара стара

секој во својот дел ја бара.

Благослов и срека цела година ќе му биди

во кого парата ќе биди.

ИСУС се РОДИ

СРЕЌЕН БОЖИЌ да ни биди,

ВИСТИНА се РОДИ

и благослов божи нека не води.

АМИН !!!


nedjelja, 3. siječnja 2021.

МК

 💗💗💗

Во животот е многу полесно

да изградиш куќа

него да го изградиш

сопствениот карактер.

 💗💗💗

Не е храброст да ѕиркаш преку завесата,

храброст е да гледаш од отворениот прозорец. 

💗💗💗


Во животот е многу полесно

да изградиш куќа

него да го изградиш

сопствениот карактер.

затоа што он нетреба пари ни пак цигли

само искрајност пред сам себе а

тоа е што се пренесува како струј.


💗💗💗


Оправдување на незнаењето нема,

тоа е само избегавање на одговорност.

💗💗💗