subota, 18. studenoga 2017.

XXXXX mk

 
 💗💗💗
 
 
Секој нов ден носи радост,
секоја година убава младост,
во животот нема мера,
живеј во вистина и вера.
 
 
💗💗💗 

Со зората долета радост 
насекаде распосла младост,
се е во цвет и радост
и овој преубав ден 
нека биди за сите гордост,
со љубов полна радост.

utorak, 7. studenoga 2017.

ВО ЗОРАТА РАНА

ВО ЗОРАТА РАНА

Стана,
од постела топла
со чекори брзи,
замина ноќта
пред зората рана.
Нечии глас, одекнува силно
сонот го буди,
стани,
зората радост нуди.
Се разлеа,
сонот на перница мека
милно го гушна зората рана.
Безимен остана сонот
застана на крстопатот,
раце пружи по зората рана.
Сонот се простира
во вечност цела
остана во зората рана
само тајна една.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 11. 2017 Улм

ПЕСНАТА НА ДЕНОТ бр.9

ПЕСНАТА НА ДЕНОТ                             Во книгата бр.9
 

И денес,
песна денот пее,
ветре ја милува
и насекаде ја сее,
светот сака оваа песна да ја чуе
порака со љубов вие.
Мир и љубов,
насекаде денот прати,
овој живот госпот ни го дари
со господова љубов и без пари.
Во песната на денот
солза радосница блика,
мир и љубов
најмила слика.
Песната на денот
на глас душа пее,
за мир и љубов во светот.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 10. 2017 Улм

subota, 4. studenoga 2017.

ХХХХХ МК


 💗💗💗

💗Верата,💗
носи радост во денот,
имајте радост.....

💗💗💗

Законот на животот,
е светлината,
која ја осветлува
вистината и љубовта.

💗💗💗

subota, 28. listopada 2017.

ХХХХХ МК

💗💗💗

Карактерот се гледа
пред сопственото огледало.

💗💗💗

Слободата царува
пред портата на мудроста.

💗💗💗

Верувајте во себе
и во другите околу себе.

srijeda, 25. listopada 2017.

ХХХХХ. МК

Животот нема галеничиња,
за сите нуди исто, 
среќа, здравја,радост,љубов.....

💗💗💗

Убавата мисла гради мостови
не огради,...

💗💗💗

Слободата царува.

💗💗💗

Благодарниците се радост
а животот одговорност.


utorak, 17. listopada 2017.

ПО ПОТРАГА бр.9.

ПО ПОТРАГАТА                                                         Во книга бр 9

Сите патишта го променија правецот
а времето застана.
Птиците летаат во груг,
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смени, се се промени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и улицата со истиот број.
Од која чешма сега
течи водата на животот,
која река е пери тагата
на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрага
која е распослана во туѓината.
По потрага
која патува низ пустината.
По потрага на времето
одам и одговор барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 06. 2016 Бад Швалбах