nedjelja, 27. kolovoza 2017.

КОГА СЕ РОДИВ

КОГА СЕ РОДИВ                                       Во книга бр.9


Кога се родив,
беше радост,
денот мирисаше на младост.
Сите звезди на небото,
беа сјајни,
се формираше само една,
на која се лепеше злато
како на пчела медна.
По должината на денот
го осветлуваше светот.
Кога се родив,
почвата беше плодови полна
разделбата од утробата
на мојата мајка болна.
И сега се се радува
со љубов се дарува
еден живот, стално нешто ново,
кажува и раскажува.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 08. 2017 Улм

subota, 12. kolovoza 2017.

ХХХХХ....МК


 💗💗💗

Сега во радост царувај,
насмевка на лице на секој дарувај
животот нека ти е радост
а се околу тебе  нека ти е младост.

💗💗💗

Законот на природата живее вечно во вистната....

💗💗💗

 Скромноста и почитувањето кон другите,
е законот на разумот кој води до секој успех.

💗💗💗

nedjelja, 6. kolovoza 2017.

АФОРИЗМИ МК

💗💗💗

 Немирот на облаците,
татнеж на грмежите
ја будат тишината.

💗💗💗

Патот до успехот е љубовта и вистината.


💗💗💗

Богаството е процес на мислата.


💗💗💗

Во успехот нема конкуренција
тоа е само пат до чистата вистина.

💗💗💗


Законот на природата живее вечно во вистната....

💗💗💗

Живеј,живеј го животот како делија
младоста твоја секогаш веселија,
години брзо минат
од живитот гранки кинат.

MAKEDONIJA


petak, 4. kolovoza 2017.

КАЈЧЕТО НА НОЌТА

КАЈЧЕТО НА НОЌТА                                           Во книга бр.9 

Тишината трепереше,
во последната звезда на ноќта,
која го будеше денот.
Кајчето на ноќта
го напушти брегот
со брановите на зората
а во бистрите води
потона прегратката на сонот.
Ме сопна сонот
ме разбуди денот.
 

Соња Таировска Ѓурчак
04. 08. 2017 Улм

srijeda, 2. kolovoza 2017.

ОБЈАВЕНО ВО ЕКОНОМИЈА 02. 08. 2017 МК

МАКЕДОНКА СОВЕТУВА ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Јазикот денес е на прво место, но треба и цврста желба

Објавено во: Економија 02 Август, 2017
За да се вработат во Германија младите денес мора да го познаваат  германскиот јазик, со кој им се отвораат многу врати, а понудата за работа е поразнолика и побогата во големите германски градови.
Соња Таировска Ѓурчак, по потекло од велешко, но со долги години живот и работа во Германија зад себе објаснува како македонските работници полесно можат  да се снајдат за вработување во оваа земја.

Јазикот е денес на прво место. Има и други можности каде има и наш народ во прва рака да помогне што се однесува во самиот почеток. Друго, нашите млади денес сите од школски денови ги изучуваат англискиот и германскиот, така да јас не гледам потешкотии за нашите кои сакаат и имаат можности за вработување во странство. Би додала само: Каде и да се работи во било која држава, треба цврста желба како кон себе така и кон работата затоа што со работата го изградуваме нашиот секојдневен живот кој исто така е зависен од работата. Во денешно време е малку тешко не само за Македонци туку  за секого и насекаде во светот, така барем се изјавува во медумите, но сепак јас почитувам едно правило ,,кој сака да работи може  секаде,,.  Било каде сè се започнува со ,,мало,, и за сè е потребно време, секоја семка фрлена во земја и треба време да никне, а и да порасне, затоа  многу работи ги споредувам со природата која ни е огледало на нашиот живот. Во Германија може да работи секој Македонец ако ги има и ги задоволува критериумите  на работодавецот со соодветна квалификација. Во сите поголеми градови  понудата е и поголема за работа“ – објаснува Таировска Ѓурчак.
За тоа колку може да се заработи вели дека зависи од работната позиција, но Германија налага и високи трошоци за живот кои мора да се имаат в предвид.  Сепак, смета дека трошоците зависат од самиот човек и од тоа каде и како сака да живее. Објаснува дека за час работа во земјата се исплаќаат по 8.50 евра, за што таа вели дека е мала сума.
„Јас лично сум многу против оваа мала сатница, не само што самата личност не може да излезе на крај со овие пари,  туку  ја загрозуваме и сета мрежа на системот кој можеби и неразмислувајќи го доведуваме во еден голем и длабок пад. Сите ние сочинуваме и сме градители на еден систем без разлика каде работиме и во која држава, да опстане државата и се потребни здрави и цврсти темели кои не се градат со ефтина рака или се искористува работната рака. Има и други работи кои ја намалија сатницата,  тоа се извозот  во сите држави со многу ефтина работна рака, за секоја држава ова е самоуништување. Се прашувам само дали е свесно или е несвесно. Како позначајни падови би ги издвоила овде здравството,  пензионерските фондови и сите други фондови кои се исклучиво поддржани од сите вработени. Месечните расходи се многубројни,  сè зависи од личноста каде и како сака да живее. За еден посолиден стан потребни му се најмалку 700 евра. Останатите трошоци  не се под 500 евра, а овие трошоци  можат да се намалат ако се сместува  подалеку од градот во помали места, но со тоа се зголемуваат другите давачки при што  е потребно и сопствено возило и секако времето потрошено на патување кое се скратува од слободното време“ – додава Таировска Ѓурчак.
Таа од 1973 година живее во Германија и е задоволна од квалитетот на живот кој таму го има. За себе вели дека работела на повеќе работни места, но секогаш се трудела совесно и одговорно да ја извршува својата работа.
„Познавање од германскиот јазик имав само еден единствен збот ГУТ,  тоа беше сè. Но, сепак се до сега е навистина гут/добро. Работев на многу работни места од каде и собирав многу знаење како  со јазикот така и со сите работи кои за мене беа многу нови, секаде имав голема одговорност, без разлика на моето познавање на јазикот, ги извршував моите секојдневни работи со многу самодоверливост која брзо беше забележана  од работодавецот, каде стекнував и голема доверба“ – вели таа.
За Германија додава дека законите и работничките права се почитуваат што е во корист на работникот.
Сања Атанасовска