utorak, 8. prosinca 2015.

УМОРНА БЕЗСОНИЦА

УМОРНА БЕЗСОНИЦА

Немир,бол,гребе
на слика остава лузни.
Разголена зората бега
повторно да се роди.
Повторно да се роди,
бара само трошка сила
немирот да го смири,
убава зора мисла да роди.
Бесоница бега, кон утрото бело
во танец вие, убавина крие,
распослана зора утрото го мие.
Денот се роди.

Соња Таировска Ѓурчак
8. 12. 2015 Улм


КАКО ВО СОН

КАКО ВО СОН

Те видов, како во сон
со кајчето пловеше
кон брегот.
Езерото се криеше
под бистрите води.
Поитав тивко во преград
да стигнам.
Ме сопна сонот
Ме разбуди денот.

Соња Таировска Ѓурчак

8. 12. 2015 Улм 

ДА МОЖАМ

ДА МОЖАМ
Да можам,
ќе го вратам времето
заспано на поселата 
од животот.
Да можам,
ќе ги вратам жолтите
паднати лисја
од стеблто на добрината.
Да можам,
ќе ги вратам сите
птици кој одлетаа
во просторот и се изгубија во бурата.
Да можам,
да го соберам стадото
од широката ливада
на заблудата.
А рибите да ги извадам
од смрзнатите води.
Да можам.
Соња Таировска Ѓурчак
7. 12. 2015 Улм

ЗОРА

ЗОРА
Чекам ноќта да мини
ден да раздени
сјај на мост да мини
радост да стигни.
Чекорам и патувам во надеж
во брегот на осаменоста
барам време,
не, зората ја чекам!
Мисли разиграни
под кожата на ноќта
немир прават.
Ги нишаат клепавиците
на денот,
кои сила веќе немаат
и зората ја чекаат.
Кошничката полно надеж
ЗОРА.
Соња Таировска Ѓурчак
7. 12. 2015 Улм

nedjelja, 6. prosinca 2015.

АВСТРАЛИЈА

АВСТРАЛИЈА Австралија земја далечна Ти од рода ме одроди ти сиромав ме направи. Пари во џеб сега носем а за љубов просам. Австралија замјо далечн сиромав сиромав сум сега сиромав за рода мила ах да имам барем крила. Преку океан да си летнам и таму во родина мила да си слетнам. Пари во џеб сега носам а за љубов просам. Сите пари ќе ги дадам да не морам љубов да крадам. Дали тоа доста ке биди сега никој ни во родина таму неќи да ме види. Австралија замјо далечна.
Соња Таировска Ѓурчак
5. 12.2012 улм

ВИСТИНАТА НЕ ОДМИНА

ВИСТИНАТА НЕ ОДМИНА

Години во темнина минеа  
верници свеќа палеа,
пред олтар, молитва молеа.
Мир и светлина, во куќата на небото.   
Молитва, како сенка низ темнина  проиде
светлина дојде.
Останаа зборовите запишани
во тетратката на мудрецот,
низ ширината и должината на светот.
А вистината не одмина.

Соња Таировска Ѓурчак
5. 12. 2015 Улм



utorak, 1. prosinca 2015.

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

Барам низ замаглени очи сјај да видам,
длабоко се всадиле во Европа,
раширени платна,како за белење.
Насмевка нигде нема,
и времето се стурило во плач,
а капутот се треси како
последниот лист на дабот и
посига по сончевите здраци.
Се кити радоста,за новото раѓање.
Снежница и виулица се спуштила
срцата се смрзнале пред прагот од болницата
се слушаат чекори кој чекорат
по поатот на празникот,а патот е празен.

Соња Таировска Ѓурчак
1. 12. 2015 Улм