srijeda, 15. travnja 2015.

АФОРИЗМИ 105

Една убава насмевка,
не ја ограничува староста
него ја продолжува младоста.
***

Не трудисе да ги бараш
грешките кај другите,
си го одземаш времето
за сопствените да ги поправиш.
***

Многу зборови носат
убави пораки,
следиги и прифатиги.
***
Многу работи треба
да ги гледаме и со срцето
не само со очите.
***
И убавината на животот
се крие меѓу убавите зборови.
***
Животот е трендафил
кој има и трење.
***
Следија светлината,
почитуваја љубовта и добрината
во тоа е вистината на животот.
***
И времето денес зборува
дека постои надеж и љубов
во животот.
***
Секоја убава мисла
има и убав збор.

15. 4. 2015 Улм
Соња Таировска Ѓурчак

srijeda, 8. travnja 2015.

ДА ТВОРИШ

ДА ТВОРИШ!!!


Да твориш,значи да сакаш,
да сакаш треба да постиш и молиш.
Постот ја зајакнува молитвата
молитвата ја зацврстува верата,
да веруваш во зботот и да го доближиш до духот,
да ја соединиш песната и да ја врзиш за нотата,
со молитва, молив и мотика тоа е закон на вистината,
стоиш пред портата на мудроста,
ја осветлуваш со љубовта.
Да твориш значи да сакаш.

Соња Таировска Ѓурчак 
11.11.2014 Велес 


subota, 4. travnja 2015.

ЖЕЛБА

Секоја желба е остварлива 
ако е исполнета со верба и љубов,
тоа е закон за секоја желба.

Животот е вечна слава 
полн со мудрост и  права.


Не труди се да ги измениш,
сите околу тебе,
изменисе сам себе,а тоа ќе го забележат  
сите околу тебе.


Соња Таировска Ѓурчак
30.3. 2015 улм 

četvrtak, 2. travnja 2015.

ххх

Една насмевка блага,
еден убав збор,
е најдобриот лек за тага.


Сликата се менува срцето и душата НЕ.
Тие се вечно млади исто како оваа слика
што е иста како тогаш и сега,
понекогаш и нашите очи не лажат,
затоа што се гледаме надвотешно,
а не се трудиме да гледаме слики внатрешно,
такви слики се секогаш полни со љубов.


Најубавиот лек за тага
е една насмевка блага.

Животот е вечна љубов,
светлина која ја осветлува
само вистината.





ДЕНЕС

Денес ме сретна,
радоста и среќата во живо
се радувам и среќна сум
во овој среќен живот.

***

Зората полна младост
носи нов ден со радост..

***

Низ цел свет
мирис цвет се лее,
а душа полна песна пее.

***

ponedjeljak, 30. ožujka 2015.

ЖЕЛБА

Секоја желба е остварлива 
ако е исполнета со верба и љубов,
тоа е закон за секоја желба.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 3. 2015 УЛМ 

nedjelja, 29. ožujka 2015.

ZEMJA NA RAJOT

ЗЕМЈА НА РАЈОТ

Крстена си,
во изворите на златното Сонце
и во светлината на светлината.
Видение твое и чуства твоја
кои душа носат и од длабок сон
живот будат.
Никнува семето на мудроста
расте и ја открива тајната
на тишината.
Твојот остров е исполнет со
тишината на желбите и вистинската
твоја топла љубов, љубов.
Земјата на рајот.
Во благодарност одзонува
ритамот на срцето, од каде се излеваат боите
боите кои зборуваат за животот
и за земјата на рајот.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 3. 2015 Улм