ponedjeljak, 17. studenoga 2014.

ОСТАНА БЕЛЕГ



Белег на радост,радост која топли
белег на среќа,која пее и се смее
белег на збор,збори и твори
белег на солза која извира
како бисер од изворот на љубовта.
Во солза и љубов се мие
бисер од збор кој се нижи во гердан,
и остава трага и белег.
Белег на кованици, зборови стари,
белег на вистини чисти, и исти
како тогаш кога времето со времето
го милуваше погледот од прозорецот на срцето
а крвта во жилите врие,и патеките ги мие.
Остана белег,лузна која се гледа во очите
а скријена во длабочините на времето.
И кога последниот пожолтен лист од
црешата стара паѓа во дворот
ветерот го неси а испод остава белег.
Белег на радос,среќа и вистина чиста.

Соња Таировска Ѓурчак
17.11.2014 УЛМ


nedjelja, 9. studenoga 2014.

AFORIZMI 666

И кога ти се потураат лаги,
верувај,во верата,
верата е вистина.

Чистата мисла и верата
одат по патека без крај.

Чистата мисла донесува
плод на  вистината.

И кога ти се потураат лаги,
верувај,во верата,
верата е вистина.

Чистата мисла и верата
одат по патека без крај.

Чистата мисла донесува
плод на  вистината.

XXXX

Почитувани драги пријатели.
Со голема радост, ве поканам на промоција за мојте две книги
поезија
СОЛЗА И ЉУБОВ
афоризми
ЖИВОТ СРЕЌА ЉУБОВ,која ќе се одржи на 14.11.2014 во ВЕЛЕС во ЛИКОВНОТО.со почеток во 17.часот.
Вашето присуство ја осветли салата а низ просторот лебдат звесди на радост среќа и љубов.
Со радост ве чекувам.

СОЊА ТАИРОВСКА ЃУРЧАК.
8.11.2014 УЛМ

utorak, 4. studenoga 2014.

AFORIZMI 555


Животот е,
убава чиста мисла
која е насочена само 
во вистината.
Закорачи по патот
на убавите мисли.
Насмевка на лице
се чита љубов од срце.

Sonja Tairovska Durcak
4.11,2014 ULM

MOKTA I PARITE

ТАЈНА - Природниот закон на универзумот
29. März · Bearbeitet
Моќта и Парите
Како да ги подобриме нашите финансии

Како се чувствуваш во однос на парите?Повеќето луѓе би рекле дека ги сакаат парите,но ако немаат доволно,воопшто не се чувствуваат добро.
Ако го погледнеш светот,ќе видиш дека мнозинството луѓе немаат добри чувства,затоа што најголемиот дел од парите и богатството на светот е во рацете на околу 10% од луѓето.Единствена разлика меѓу богатите и другите луѓе е тоа што богатите имаат повеќе добри чувства во врска со парите,отколку лоши.Толку е едноставно.Тоа не е затоа што никогаш немале пари.Впрочем,повеќето богати луѓе на почетокот немале ништо.Причината зошто толку многу луѓе се чувствуваат лошо во врска со парите е тоа што имаат негативни верувања во однос со нив,а тие негативни верувања им се всадени во потсвеста уште од детството.Ваквите верувања се,на пример:'не можеме да си го дозволиме тоа','парите се зло','богатите луѓе сигурно се нечесни','погрешно е да сакаш пари,тоа не е возвишено','да имаш пари значи да работиш напорно'.
Ништо од овие работи не е точно.Животот функционира на сосем поинаков начин.Ако ти недостигаат пари во животот,тоа е затоа што имаш повеќе лоши отколку добри чувства кон парите.
Не е важно каква ти е сегашната финансиска состојба.Не е важно во каква финансиска состојба е Твојот бизнис.Кога ќе ги промениш твоите чувства кон парите,количината пари во твојот живот ќе се промени.
Замисли дека си богат сега.Замисли дека веќе имаш онолку пари колку што ти се потребни.Што би било поинаку во твојот живот.Размислувај што би правел со нив.Како би се чувствувал.Би се чувствувал поинаку,и поради тоа се би било поинаку.Би зборувал поинаку.Би имал поинакво држење на телото и би се движел поинаку.Поинаку би реагирал на се.Твоите реакции на сметките би биле поинакви.Би бил релаксиран.Би имал мир.Би се чувствувал среќен.Би уживал во секој ден,без да размислуваш за утре.Тоа е чувството што сакаш да го зграпчиш.Тоа е чувство на љубов кон парите и тоа чувство е лепливо како магнет.Во бизнисот,или твојата работа,во што и да е,осигурај се дека даваш количество вредност еднакво на парите што ги добиваш,како добивка или плата.Ако даваш помалку вредност од парите што ги добиваш,тогаш твојот бизнис или твојата кариера ќе бидат осудени на неуспех.Во животот неможеш само да земаш од некого,затоа што земаш од себе.Ако даваш повеке пари отколу што добиваш,бизнисот и кариерата ќе ти тргнат по нагорна линија.
Убавината на животот е во тоа што кога ќе ја ставиш љубовта на прво место,сите пари потребни за исполнет живот,ќе дојдат сами.
Бидејќи судено ти е да ги имаш парите,што ти се потребни за исполнет живот.
Не ти е судено да страдаш од недостиг на пари зошто страдањето додава негативност во светот.Убавината на животот е да ја ставиш љубовта на прво место,сите пари потребни за исполнет живот ќе дојдат сами!!!
Јованка Угарчева — mit Canan Veyselova Sezer und 27 weiteren Personen.
Ende der Chat-Unterhaltung
Gesehen: 15. Mai

ponedjeljak, 3. studenoga 2014.

СПОЈ НА ДУША

Песна ветер тивко пее
мирис на расплетени
паднати есенски лисја вее.
Есен љубов ветер пројде
мирис шири и кроздов лист
пред праг врата дојде.
Ветер допир и спој на душа
остави трага на кранки суша
цела градина гола остана.
А во пролет љубов стана.

Соња Таировска Ѓурчак

2.11.2014 УЛМ

AFORIZMI 444

<3

Срцето ќе ти биди тажно,
ако мислиш и зборуваш лажно.
Славија верата и вистината
да ти биди долга иднината.

<3

Ослободија душата
биди едно со верата.

<3

Се што е физичко е потреба
се што е духовно е богаство
кое не се купова само се создава.

Соња Таировска Ѓурчак
2.11.2014 Улм