utorak, 3. studenoga 2026.

ПЕСНАТА НА ТИШИНАТА

ПЕСНАТА НА ТИШИНАТА

Часовникот го мери времето,
громот го буди небото,
мајчините нозе трчаа по колата
во која заминував од родителскиот дом.

Солзи се тркалаа по моето лице
и од очите на мојата мајка.
Каде и денес се прелеваат
во љубов и во песната на тишината,
која остана да пее
во споменот на детското срце.

Љубовта не е гласна...

Соња Таировска Ѓурчак

03.11. 2026


Nema komentara:

Objavi komentar