Почитувани, драги учесници во наставата по македонски и
германски јазик,
Како и секоја година, така и оваа – 2024/2025 – завршува
уште една успешна школска година.
Со голема благодарност сакам да се заблагодарам на сите Вас кои бевте дел од
оваа школска година.
Посебна благодарност упатувам до раководството на клубот и
до претседателот Ангел Петровски, кои ни овозможија и помогнаа да ја
реализираме оваа дејност со посветеност и поддршка.
Во таа чест, ве покануваме сите заедно да ја одбележиме
завршницата со симболична, но искрена благодарност./ На сладолед/ во недела на 27.07 2025 од 16 часот.
Во нашиот Клуб.
Сите заедно бевте многу успешни.
Искрено се радувам не само на постигнатиот успех, туку и на вашата силна желба
за учење, која ве водеше напред и ве збогати со нови знаења.
Знаењето се стекнува со труд и е поврзано со времето – а вие
покажавте дека умеете да го искористите вистински.
Веруваме во времето што ни претстои – со уште поголема посветеност ќе продолжиме да чекориме
напрет по патот на знаењето.
Ве поздравува
Раковотсвото на Клубот Кирил и Методиј Улм
Соња Ѓурчак
24.07. 2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar