ИЗВОР НА ВРЕМЕТО
Секој го носи изворот
на своето време
а, јас патувам во
времето на вистината
патувам со полната
масечина во зимската ноќ
осветлуваќи го патот
пред моите чекори.
Од напукнатините навираат
боите
боите на животот,
обоена една вистина.
Го најдов времето во
универзумот
на вистинското време .
Времето тешко како
камен
врзано за земјата понесано од ветровите на тишината
го означуваш
времето го означуваше времето
на еден изгубен рачен
часовник.
Стигнав до времето на
дождот
ме допрееа солзите на
мојата мајка.
Секој го носи своет
време .
Соња Таировска Ѓурчак
13.01 2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar