nedjelja, 29. rujna 2024.

ПАТУВАМ

 

 

ПАТУВАМ

 

Патувам по патот на зелената планина

изплетена со тесни и широки патеки

обоени со боите на животот.

Патувам, по патот кој живот се вика.

Душата обоена од времети и просторот

се шири по гранките на зелената планина.

Сликите шепотат во тишината на животот,

а очите се одмараат во уметничката слика

по патот и мирисот на животот.

Патот е долг,недогледно време

во кое тонам се подлабоко во убавините

и длабочините на природата.

Живеам и патувм со зборот и песната

кои ја чуваат мелодијата на животот.

Долг е патот, до врвот на планината.

 

Соња Таировска Ѓурчак

29.09.2024 Улм  

 

 

 

 

Nema komentara:

Objavi komentar