subota, 30. listopada 2021.

ххх

 Кога денот ќе стани претежок,

не го слушај часовникот
испиши го денот во стихови.

utorak, 19. listopada 2021.

ПРВИТЕ БОГОВИ за книга бр 10

 

ПРВИТЕ БОГОВИ


Се збогува со првите богови

и замина,остана само 

мирис на трева

која поново се раѓа во еден плик.


Во маглата се изгуби книгата 

сокриваќи ги речениците

што ги пишуваше времето

брзаќи по патеката на стравот.


Замина во тежината на земјата

земјата тежи,на гробот свеќа

која се топи во плач.

Остана книгата не до читана, 

времето замина...


Соња Таировска Ѓурчак

19.10.2021 Улм

 

subota, 16. listopada 2021.

МОЕТО СЕЛО ИЗВОР за книга бр 11

 

Денес кога сеќавањето гласно ми зборува на цел глас,сакам оваа најава да ја поделам со сите вас,деството мина како трен а живите сеќавања останаа.И денес ги гледам моите родители неуморно стануваа во раните утрински часови брзаќи да ги завршат сите потребни домашни работи па да можат да заминат на државната работа,која исто така ја почитуваа и ја ценеа како лебот што го ценеја и во голема љубов према нас децата.Вредни можеби повеќе уморни од колку одморни се движеја и работеја,како што е во селски двор пол со домашни животинциња кој беа во тоа време неопходни за во една селска куќа полна деца.Во моите очи ги гледав за голем пример и до ден денес се сите спомени живи.Ни дадоја големо неизмерено богаство само тоа што можи да се најди во секој селски двор,зборувам за селото пошто сум во село израсната. Ни оставија дворец од живи спомени,не научија да го почитуваме животот да го почитуваме човечкиот род кој е дел од богаството на животот…

petak, 15. listopada 2021.

УКРАДЕНО ВРЕМЕ книга бр 10

 

УКРАДЕНО ВРЕМЕ

Во видение на сопствените чекори,

се изгуби, азбучниот наслов

преместуваќи го сонот во дрвената ноќ.

Утрото ја отвори книгата,бела страница.

птиците летаат , во украденото време.

Летаќи по електронската мрежа

се губи патеката на сопствениот живот

широко се отворени вратите на светот.

Светот е голем,собран во кибриче ...

Граници непостојат,

се повлекоја под кожата на стеблото,

деската топка се изгуби во шумот на лисјата,

замолчи  дескиот глас.

Во стариот Јавор се вселија мравките со дигнато знаме

слепо изчезна во пустината азбучниот наслов

нападнат од дивите бубарчиња.

Еден ден, очите на ранобудниот народ

ќе го бара  украденото време.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 10. 2021Улм

 

ponedjeljak, 11. listopada 2021.

БЕЛАТА РАМНИЦА за книга број 10

 

БЕЛАТА РАМНИЦА


Брзаќи до власта изгубена во верата

и олтерот на пошумената шума.

Со мирис на сува трева

се слуша слепилото на глувата ноќ.

 

На сувото стебло се будат дивите птици

кој градат електрични  гнезда.

Срните бегајат по сопствените копнежи

заминуваат во ладната земја.

 

Замаглени се очите

кој пливаат во морето на животот

запишуваќи ги буквите по цутот на стеблото.

и го будат сонот од белата рамница.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11.10. 2021 Улм

ЧУДНА ЗЕМЈА за книга бр 10

 

ЧУДНА ЗЕМЈА

 

Чудна е оваа земја,

со разнесени колички од Алди

кој натоварени преспиваат

зад секој агол,и повторно заминуваат

патуваќи по чудната земја.

 

Негде прочитав:

во оваа чудна земја прите

ги ринеле со лопата,

дури имало недостаток на лопати.

 

Чудна е оваа земја.

богаството лежи по улиците

се рини на лопата а,количките од Алди

се намалуваат секојдневно.

 

Уморни очи, со волнени фризури

погледнуваат во висината на небото

прелистуваќи ги страниците на денот.

Заборавени од родното стебло

и од сопствената насмевка.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11. 10. 2021 Улм

 

 

 

nedjelja, 3. listopada 2021.

ЗВОНАТ КАМБАНИТЕ книга бр 10

 

ЗВОНАТ КАМБАНИТЕ

Во утробата на заедничките јазици,

пред сликата на стаклената возбуда.

Во неблагодарното време

растрчано по килимите

ткаени од мојата Баба.

Умираат спомените,

закопуваќи ги сеќавањата на јазиците

и мислата во огнот на времето.

Ѕвонат кабаните, за стихот кој испарува

а,го запишува допирот на  времето.

Утре нема рок на траење

Ѕвонат камбаните.

 

Соња Таировска Ѓурчак

03.09. 2021 Улм