БОИТЕ НА ЕДЕН ГЛАС
Боите од еден
глас
ме повикуваат во
спомените на животот,
трчаќи по сказалките
на часовникот
и во време које ги
брои годините.
Прозборија неколку
бои
и ми го обоија
ликот,
читаќи го тетстот
од боговите,
запишан во
длабочините на јазикот
и во просторот на
родното поле.
Времето го делам со
правецот на боите,
пишуваќи стихови од
чудните бои и гласови,
а повиците се
изгубија во етерот на времето.
Сликите се испомешаа
боите се разлејаа
во морето на животот
судираќи се со
зборовите кој патуваа
по меридијаните
на мојата душа.
Соња Таировска Ѓурчак
27.09.2021 Улм