subota, 1. svibnja 2021.

АЛГИТЕ ВО СУВАТА РЕКА бр.9.

 

АЛГИТЕ ВО СУВАТА РЕКА                                                книга бр 9

Сувата река остана празна,

алгите,заминаа

слепо во песочниот замок.

На песочната улица

редица од патници

кој чекаат пред будното стебло,

во кое се вселија дивите птици.

Нозите им се соединија со алгите

чекореќи го песокот во реката.

Одеднаш порој,разиграа алгите

во коритото на реката.

Прегрнати една со друга

тагуваат за цветовите кој се

изгубија во сушата.

Семето,замина по новата улица

во непознатиот град

каде се градат кули од песок.

Собор од непознати јазици

и напуштени тела,

пред кој се раѓа нов ден.

Алгите заминаа во ноќта,

пред олтерот ја молат молитвата

држеќи во рака свеќа.

Во сувата река потече пак живот.


Соња Таировска Ѓурчак

27.04. 2021 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar