nedjelja, 23. kolovoza 2020.

ЧАСОВНИКОТ НА ДЕНОТ

 

ЧАСОВНИКОТ НА ДЕНОТ

Пишувам и молчам во чекалната                Во книга бр;9 
на едно распнато време.
Чекорам по страниците 
на Македонскиот јазик и 
ја продолжувам кирилицата. 
Пишувам во книгата за сонот 
кој го сонувам будно 
го сакам денот,извикувам
Те сакам родино,
часовникот на денот го делам сотебе,
во љубовта нема далечина.
Времето одминува, 
а звездите ми го осветлуваат патот.
Празни останаа улиците на стравот,
стрпливоста на денот се раѓа 
со зората на времето 
и носи радост.
Го слушам часовникот  ме кани во убавината на денот. 
Часвовникот,чуку да раздадиме,
за мртвите, за живите, 
ливадите останаа некосени, 
под јамболијата на денот стега силен студ,...


Соња Таировска Ѓурчак
22.08. 2020 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar