Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Георгиј Ивановиќ Груџиев бил познат ерменски
филозоф, основач на метафизиката, влијателен духовен учител од
почетокот, па до средината на 20 век. Му се восхитувал Хенри Мур, се
зборувало дека бил руски агент во Тибет. За време на Втората светска
војна Хитлер го поканил во Германија неколку пати, но Георгиј одбивал.
Иако никаде не е официјално документирано, се верува дека Георгиј имал
седум деца. Неговите совети до ќерка му Рејна се дискутабилни по нивната
автентичност бидејќи се објавени во книгата „Духовното патување на
Алехандро Ходоровски“.
Наводно, Алехандро Ходоровски ја запознал Рејна, која му ги открила советите што ѝ ги дал нејзиниот татко.
- Фокусирај го вниманието на себе.
- Биди свесна во секој момент што мислиш, чувствуваш, сакаш и правиш.
- Секогаш завршувај го она што си го започнала.
- Она што го правиш, прави го на најдобар можен начин.
- Немој да се врзуваш со нешто што долгорочно може да те уништи.
- Развивај ја твојата великодушност без сведок.
- Однесувај се кон секоја личност како кон свој близок роднина.
- Среди онаму каде што си оставила неред.
- Научи да примаш и заблагодари се за секој подарок.
- Престани да се оценуваш самата.
- Не лажи и не кради, ако го правиш тоа, се лажеш и крадеш самата себе.
- Не заземај премногу простор.
- Не прави врева и бескорисни гестови.
- Ако немаш вера, барем имитирај ја.
- Не дозволувај да те импресионираат силни личности.
- Не присвојувај ништо и никого.
- Дели рамномерно.
- Не заведувај.
- Јади и спиј само онолку колку што е потребно.
- Не зборувај за своите лични проблеми.
- Не суди и не дискриминирај кога не ги знаеш повеќето факти.
- Не воспоставувај непотребни пријателства.
- Немој да се продаваш.
- Почитувај ги договорите што си ги потпишала.
- Биди точна.
- Не завидувај им на добрата и на успесите на другите.
- Зборувај го само она што е неопходно.
- Немој да мислиш само на придобивките што ќе ти ги даде твоето дејствување.
- Никогаш не заканувај се.
- Реализирај ги твоите ветувања.
- Во текот на расправата, стави се во кожата на другиот.
- Признај ако нешто те надвладее.
- Не следи ги трендовите.
- Победи ги своите стравови.
- Помогни им на другите за да си помогнеш себеси.
- Победи ја својата антипатија и приближи им се на луѓето што сакаш да ги одбиеш.
- Трансформирај ја својата гордост во достоинство.
- Трансформирај го својот бес во креативност.
- Трансформирај ја својата алчност во почитување на убавината.
- Трансформирај ја својата омраза во милосрдие.
- Не фали се и не навредувај се себеси.
- Грижи се за нешто што не ти припаѓа како да е твое сопствено.
- Не жали се.
- Развивај ја имагинацијата.
- Не давај наредби само за да ти биде мило што си послушана.
- Плати за овозможените услуги.
- Не пропагирај ги својата работа и своите идеи.
- Не обидувај се да предизвикаш чувства на сожалување, наклонетост, воодушевување, сочувство кај другите.
- Не обидувај се да се истакнеш во изгледот.
- Никогаш не спротивставувај се, само молчи.
- Ако некого навредиш, извини му се.
- Ако си навредила некого во јавност, извинувањето нека биде јавно.
- Ако сфатиш дека нешто си кажала погрешно, не инсистирај на таа грешка
поради гордоста, туку веднаш откажи се од своите предлози.
- Не брани ги старите идеи само затоа што претходно си ги изјавила.
- Не чувај непотребни работи.
- Не кради туѓи идеи.
- Не фотографирај се со познати личности.
- Никому не поднесувај сметки, биди си сам свој судија.
- Немој да се дефинираш себеси врз основа на она што го поседуваш.
- Сфати дека ништо не е твое.
- Кога ќе те прашаат за мислење за некој или нешто, зборувај само за неговите квалитети.
- Кога ќе се разболиш, наместо да ја мразиш болката, сметај ја за твој учител.
- Не набљудувај од аголот, гледај право.
- Не заборавај на твоите блиски починати, но остави им простор кој ќе ги спречи да влијаат врз твојот живот.
- Кога нешто реализираш, не ограничувај ги твоите напори.
- Ако одлучиш да работиш за други, работи со задоволство.
- Ако се двоумиш дали нешто да направиш или не, ризикувај и направи го.
- Кога некој има своја публика, немој да му се спротивставуваш и не му ја кради публиката.
- Живеј од парите што сама ќе ги заработуваш.
- Немој да влегуваш во љубовни авантури.
- Не фали ги твоите слабости.
- Никогаш никого не посетувај го само за да си го исполниш
времето.
- Ако медитираш и дојде ѓаволот, принуди го и ѓаволот да медитира.