subota, 2. veljače 2019.

ДЕЦКИ ПОВОЈ МАКЕДОНСКИ


ДЕЦКИ ПОВОЈ МАКЕДОНСКИ                      Во книгата СВЕТЛИНА НА ЗБОРОТ

Порој надежи, останаа,останаа,
скриена во повојот македонски.
Во скриени цветови на пролет млада
останаа да растат по ливади цветни.
Останаа порој надежи по темелите
на камените селски куќи,
под кој се кријат вистините
ткаени во памучен повој македонски.
По браздите тутун ќе садиме
со децки повој бали ќе врзиме
и пак почит ќе имаме по коските
на пратениците....
Пред најсветите кој спокој во тебе најдоа
останаа во висопчините на горите
во пространсвото на полињата
да дишат во децкиот повој македонски.
Афион цвет аловен,и сметка девизна
гратски алати,нови науки донесоа
родот го одродија од зората
од децкиот повој македонски.
Знам, во тебе секој место има
од твојата утроба секој мудрост зима.

Соња Таировска Ѓурчаќ
26. 01. 2019 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar