četvrtak, 31. svibnja 2018.

ЕВРОПА ВО ДОМОТ НАШ



ЕВРОПА ВО ДОМОТ НАШ                              Во книгата бр:9


Се будат Адем и Ева,
се буди,се буди,
сонот  што оди,
се будат градови и села
се буди нешто и шуми,
шуми, патот кој во денот оди.
Се буди, река чиста,
протече вода бистра
во шумот што расти,
мир и радост, Европа прати.
Море ли е тоа, кое во бранови расти
стебло маслиново, што во радост расти
шум во денот и Европа како пролет расти.
Мир и радост Европа и во домот наш прати.
Само стапките боси оставија трага,
а земјата и мојот народ памти.
Европа и во домот наш сигна...




Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2018 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar