ПИСМО ДО МАЈКА
БЕЗ АДРЕСА
Сега,адреса немам
а писмо спремам.
На која адреса да го пратам
или треба само да го сватам.
Низ букви адреса се губи
спомени цветни мајцини буди.
Спомен што блеска,
спомен од солза мајчина жешка
спомен како гора тешка.
Последна здивка од тебе ојде
каде каде ли појде?
Дали во облаци летна ?
Потрчав да ја видам,
јабана ме направи слепа
очи претвори во река.
Тапкав до твоето само смирено
тело
како во мирисна градина
посадено во цвеќе бело.
Сакав да те гушнам
сакав уште глас
да слушнам .
Уморно измачено
тело
најде сега мир и
вечен спокој.
Очи спијат, усни
незборат
тишина и молитва
те обли.
И ако те нема јас
те барам.
Во облаци ми бегаш
зад агол се криеш.
зад агол се криеш.
Ах мајко ти негде
само спиеш.
Птица од вечен
сон ќе те буди
и писмо мое ќе ти
нуди.
Под перница твоја
мајко
остави аманет за
сите,
да се следи
вистина и правда
ВЕРА,ЉУБОВ,НАДА
во срце
да се носи.
Аманет
убав,аманет голем,
аманет
богат,богат,богат.
Тоа е се што
понесов мајко од тебе
и тоа ќе оставам
Писмо до мајка без адреса .
Nema komentara:
Objavi komentar