МОСТОТ НАРЕЧЕН
ЉУБОВ
Одамна беше
тоа,а остана запишано како да е сега.Се
нижат зборови на сеќавања,будат
вистини,традиции,вера која е врзана во
срцето од младоста, срце која ја носи и
чува како аманет од топлото огниште,кое
уште гори во пламен.Врзано во историјата
од младоста, која дава сила,љубов и ја
грее златното Сонце.Зелените ливади
останаа да раскажуваат за децвото
поминато под брегот, и ги чува приказните
кои и сега дишат.Зборот мајчин е
звезда,која оживува минато,а раѓа
сегашност од животот на двојниот
пат.Летото гостува и под зимските
перници,раскажуваќи ги убавините од
книгата напишана во летниот распуст,од
домот на величината,а животот ги дели
со странскиот јазик но спак вели ТЕ
САКАМ МАКЕДОНИЈО.
Насталгијата
го сретнува секое заталкано срце,кое
чиниш веќе е замрзнато во водите на
океанското бранување,или во просторот
под небото,каде летаат птиците на
надежта.
Извори од каде
поекуваат опојни мисли,мисли кој милуваат
,сакаат,сонуваат и ја гледаат вистинската
љубов.Надлетуваат и слетуваат над
изворите на македонските води,пијат,од
светлината и љубовта македонска. Љубовта
на зборот е мајчината душа, копнеш на
желба, поезија или проза,расказ или
песна се мини на мостот кој се нарекува
љубов.Мајчиниот јазик на кој
пишувам,распослан е низ светот,светот
е мал,зборот е голем кој кажува многу
од минатото од вчера а го кити новиот
ден со китките на љубовта кои минат на
мостот наречен љубов........
Соња Таировска
Ѓурчак
28. 11. 2016 Улм