nedjelja, 31. srpnja 2016.

ВО ТИШИНАТА



ВО ТИШИНАТА

Времето се распосла
во
тишината,
по сокаците осветли
светлината.
Во темноната на ноќта,
во светлината на денот,
во тишината на времето
прозбори душата, а
гласот отпатува во времето,
 во
утробата на далечината.
Само во аголот
од спротивната страна
остана закована
душата на тишината.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 07. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar