Утеха барам,
од каде ли да ја крадам?
Во туѓина ја нема,
некој ми ја зема .
Утеха барам,
река солзи што пие
за камен тежок
во гради што спие.
Темнината ме собра
светлината ми ја обра.
Тага порта срце затвора.
Утеха барам,
тага порта да отворам.
Патишта стрмни,
и денови темни.
Утеха барам,
светло да земам
али очи,очи веќе немам.
Nema komentara:
Objavi komentar