subota, 19. travnja 2025.

ТАМУ ВО РОДИНА

 ТАМУ ВО РОДИНА


Таму во родина,под небесен здив,

кај што сонцето  зората ја буди,
таму кај шумите, шепотат приказни стари,

а срцето грее со спомени бели и жари.

Покрај реката што во детството ми пееше

и под липата што во душата ми грееш,

таму стапки  оставив боси

во родина што мириса на пролет и роси.

Од рид до рид,ехо носи глас

 мајчина песна нежна како од славеј глас

од татко поглед строг како војник друг,

таму растев како корен во длабок плуг.

А сега  кога патот ме однесе далеку

а, срцето чезнее,вреска во ехо меко

Јас уште сонувам под туѓо небо,

дека пак ќе се вратам ...

Таму во далечина,под звезден сјај,

уште светло свети мојот роден крај 

не заборавај ништо не е далеку кога се сака 

ти живееш, и нека е сон,

во мене во прегратка топла и во вистински  сон.


Соња Таировска Ѓурчак 

18.04.2025 Улм Германија 

Nema komentara:

Objavi komentar