četvrtak, 17. travnja 2025.

МИРИС НА ПРОЛЕТ кн 11

 

МИРИС НА ПРОЛЕТ

Во утринска тишина, се буди светот,
со мирис на јоргован и топла земја
.
Сончев зрак се спушта врз гранките голи,
и нежно ги гали, како мајка што збори.

Во воздухот плови спомен од дете,
што босо трча низ трева зелена,
со смеа што звучи како флејта во ветер,
и очи што сјаат од радост зелена.

Се отвора цветот, без да праша,
дали светот е подготвен за убавина.
Се враќа птица од долгото патување,
и пее за дома, за срце и слобода.

Пролетта не доаѓа со врева и глас,
туку со мирис – тивок и драг,
како шепот на љубов од првата прегратка,
како здив на нов живот, на надеж и праг.

Пролетта дојде – тивка, а моќна,
во моето срце засекогаш ќе остане.
Со мирис на надеж, љубов и светлина —
ја запишав оваа песна...

Автор: Соња Таировска Ѓурчак
17.04.2025 – Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar