subota, 19. travnja 2025.

МАКЕДОНИО,ТЕ ПОНЕСОВ кн 11

 

 

МАКЕДОНИЈО, ТЕ ПОНЕСОВ

Те понесов, Македонијо,
во срцето мое скриена тивко,
како икона стара во торба од соништа,
како лебот мајчин, секогаш блиско.

Во туѓина, низ улици без име,
ти ми беше патоказ и светло,
низ секој здив, низ солза тајна,
ти ми пееше: „Не заборавај, дете.“

Твоите зори ги сонувам често,
мирисот на дождот на калдрма стара,
ѕвонецот на црква, шепот на ветар,
и мајка што чека — без збор, но со вера.

Македонијо, те понесов тивко,
не во куфер, туку вграденa во мене.
Ти си мојот збор, мојата песна,
мојот корен, моето време.


Соња Таировска Ѓурчак 

19.04. 2025 Улм 


Nema komentara:

Objavi komentar