Писмо до
Татковината
До мојата Родина
Ти пишувам,
мила моја земјо, од бел свет, од земја што не ме роди, а ме пречека и ме прифати. Животот ме однесе под туѓа стреа, а срцето ми остана врзано за
коренот на стариот даб во твојата
почва, и под сенката, тишината сега
тагува како и јас овде.
Не поминува
ден да не те спомнам секогаш ми стоиш во
мислите.
Те слушам во
тишината и во шумот на
тивкиот ехо во песната што
мајка ми ја пееше додека полнеше вода од кладенчето.
Секој камен, секој цвет, секој поглед од нашите полиња ми се близоку тука овде и
сега.
Овде има сè, само тебе земјо моја те нема
тука.
Ти Родино, си
богата со сè што не се мери и купува со пари. Секој нов ден тука ме учи на нешто ново, но секој миг
далеку од тебе ме потсетува колку длабоко си вткаена во моето срце.
Знам дека сум далеку,
но во мене постојано одекнува гласот од твојот јазик, твојата песна, мирисот
на лебот што го месеше мајками и го печеше во камената наша
фурна.
Ѕвоното на
селската црква, и песната што некогаш се слушаше по калдрмита.
Ништо од тоа
не е избледено. Сè живее во
мене – силно, гласно, свето.
Те носиме
како аманет во зборовите на песната. Ти си корен кој не
се корни.
Горда сум,што сум твое чедо. Што ме научи да не ја наведнувам главата, да зборувам право и искрајно што мислам, да ја кажам
вистината да љубам
длабоко и да страдам тивко.
Ти си ми
корен, стебло и гранка,
сол и леб, сонце и сенка.
Сакам да знаеш –
колку и да сум далеку, во срцето те чувам и
секогаш си блиску.
Те сакам Родино,Ти благодарам Татковино.
Со поклон и
љубов,
Твоето дете од туѓина
Соња Таировска Ѓурчак
21.04. 2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar