petak, 22. ožujka 2019.

ПРОЛЕТ МИСЛА ЧИСТА


ПРОЛЕТ МИСЛА ЧИСТА                             
                                                                                  Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Капка роса живот буди,
пролет стигна,
птица во небо се дигна.
Гнездо топло спрема
многу време,
за подмладок нема.
Разиграна река до езеро ита
пролет песна блика.
Фантазија чиста,
уметнички бои реди
по патеки бели,
пролет блиста
и секаде во секоја градина се всели.
Цвет во цвет и во мојата градина стигна
пролет чиста ти со радост мирис стигна.
Го разубави денот,го разбуди цветот
подари радост подари нова младост.
Вечна со векови си иста
секој цвет во тебе блиста
Ти си возвишена љубов мисла чиста.

Соња Таировска Ѓурчак
21.03. 2019 Улм

nedjelja, 17. ožujka 2019.

БЛАГОСЛАВЕН БОЖИЌ

Благословен божиќ

Posteingang
x

Sonja Durcak sonja.durcak@gmail.com

Fr., 8. Jan. 2016, 13:04


an mich
Почитувани, драги, пријатели,додека времето поитува,гласот одекнува со брзинат и светлината на нашиот голем создтел на се видени и не видено но вечно не води,не сака и љуби зато што сме негова гранка на неговото стебло,во голема благодарнос,клечам и молам пред него за мир и љубов за сите во светов.Оваа молитва ја ипраќ за мојоте драги пријатели  и за целото нивно семејство да имаат мир љубов вечна радост и слава со божиот дух....СРЕЌЕН И БЛАГОСЛОВЕН БОЖИЌ,новото раѓање кое носи мир и љубов.поздрав во почит и љубов.

ponedjeljak, 4. ožujka 2019.

MK...xxxx


 💗💗💗

Верата е вистинскиот пат до сам себеси...

💗💗💗

Лошото далеку се слуша ,убавото уште подалеку...

💗💗💗

 

nedjelja, 24. veljače 2019.

МК ...ХХХХХ

❤️❤️❤️
Кога сите Ти мачкаат мед по мустаќите,мислиш е чист и природен,кога ќе пробаш знаеш дека е само хемиска состојка.
❤️❤️❤️
Се што е природно се е бесплатно.
❤️❤️❤️
Секоја хемија скапо се плаќа,и остава лошо искуство.
💗💗💗

petak, 22. veljače 2019.

ОСАМЕНО НЕБО

ОСАМЕНО НЕБО
                                                                                     Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Далеку остана, сонот кој го сонував
во постелата,во камената куќа.

Далеку се, излеваат гласовите
на сите пролетни птици,
далеку се, ливадите кој ги претрчував
и ме галеше мирисот на цветовите.

Далеку се, сите спомени
кој никнуваат во пролет
пред погледот на светлината
и се губат во бурата на еден живот.

Далеку се, стравовите по темните улици
кој како пред свеќа чекорат
во стрпливоста на ноќта.

Дождот ги мие очите на осамената болка,
а времето ги бриши солзите
кои се разлеваат по патот на осаменото небо.

Соња Таировска Ѓурчак
22.02. 2019 Улм

ponedjeljak, 18. veljače 2019.

МК ххх

 💗💗💗

Во сонот на животот
сонуваме за дијаманти,
и останува само сон...
зата што немаме време да се пробудиме.

💗💗💗

Добронамерната душа
секогаш има време
бесусловно да помогни....

💗💗💗

 
Добрите дела се создаваат,
не се продаваат
ни купуваат...

💗💗💗

ponedjeljak, 11. veljače 2019.

МК хххх


💗💗💗

Со туѓи чевли не се патува.

💗💗💗

Секоја грешка,
е нова животна лекција.

💗💗💗

 
Големината
на човекот
се добрите дела
кој се раѓаат од
изворот на душата.

💗💗💗

Под секое дрво има сенка.

💗💗💗