nedjelja, 30. srpnja 2017.

КОМЕНТАРИ ЖЕЛБИ и ПОКАНИ




Со почит и радост го поздравувам настапот кој е светлина на зборот кој е осветлен со светлинсата и останува светлина по тефтерите на книжевноста од нашите ВЕЛЕШКИ КНИЖЕВНИ ВЕЛИКАНИ.Имајте радост и во радоста радост.Соња Улм Велес


 
Министерство за надворешни работи булевар “Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија промоција на: ПОЕТСКИ БЕЛЕК, остава записи во корените на Македонската почва, по страниците и тефтерите во Македонската литература, мало дело голема порака. Почитувани со радост и љубов ве поканувам на 22. 07. 2016 год. со почеток во 10.ч во Скопје. Да сте дел од овај културен настан,кој ги пренесува брановите на топлината.Вашето присуство ги отвора вратите во просторот на љубовта. Соња Таировска Ѓурчак Велес Улм Германија

ПТИЦА СУМ

ПТИЦА СУМ
 
 
Птица сум,
правам гнездо во куќата на Рацин
летам по улиците на Рацин,
по сокаците, по калдрмата
осветлена со златните Рацинови букви.
Птица сум,
ги отворам ширум портите
на сите песни од Рацин,
улиците ги китам со зелен дабов лист,
како пред Ѓурѓовде,
улиците ги китам, со песните на Рацин.
Птица сум,
летам во просторот со времето
летам и ги пеам песните на Рацин.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 07. 2017 Улм , Велес


utorak, 25. srpnja 2017.

АФОРИЗМИ 25. 07. 2017 Улм

*****


Убавиот живот е, златниот рудник
од каде се црпи убавината на денот.

*****

 Нежни а цврсти се желбите кои стигаат до целта.

*****

Малите нешта носат голема радост.

ХХХХХ....МК Велес


Убавиот живот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.

nedjelja, 23. srpnja 2017.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ бр .9.

ТАМУ ПОКРАЈ БРЕГОТ                                      Во кногата бр.9.

Таму,
покрај брегот на еѕерото,
таму,
уште цвета еден цвет.
Таму,
помеѓу зборовите на песната
таму,
уште тишината зборува со песната.
Таму,
помеѓу вистината на зората
таму,
уште една светлината руди,
таму,
уште една љубов зората ја буди.
Таму,
уште плачат песните
таму,
уште капат солзите на брегот,
таму,
покрај брегот на езерото
таму,
една птица престана да пеее.

Соња Таировска Ѓурчак
23.07. 2017 Улм

subota, 22. srpnja 2017.

ХХХХХ









Тајната на животот е чистата мисла,бисер кој се наоѓа во длабочините на душата.

utorak, 18. srpnja 2017.

АФОРИЗМИ 25.07. 2017


*****

Успехот се гради со труд и работа.

*****

Успешниот човек, не е роден
под среќна звезда,
роден е под звездата на  трудот.

*****

Само една искра ја осветрлува темнината.

*****

 Во пустината да се пронајди патот 
до вистинското зрно песок е 
откривање на сите тајни во животот.

*****

Тајната на животот е чистата мисла,
бисер кој се наоѓа во длабочините на душата. 

  *****Убавиот живот е златниот рудник од каде се цУбавиот вот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.рпи убавината на денот.

 

бавиот живот е златниот рудник од каде се црпи убавината на денот.