četvrtak, 21. travnja 2016.
utorak, 19. travnja 2016.
ДЕНОТ МОЛЧИ
ДЕНОТ МОЛЧИ
Како сенка замина
во постелата на
вечната љубов.
Остана само празнина
измеѓу звездит
кои светат како
свеќа,
а ја чуваат
тајната исплетена
во цветовите на
езерските бранови.
Денот молчи,
во прегратките на
тишината.
Соња Таировска
Ѓурчак
19. 04. 2016 Улм
ponedjeljak, 18. travnja 2016.
nedjelja, 17. travnja 2016.
srijeda, 13. travnja 2016.
ПАТОТ Е ПРАЗЕН
ПАТОТ Е ПРАЗЕН
Барам низ замаглени очи сјај да видам,
длабоко се всадиле во Европа,
раширени платна,како за белење.
Насмевка нигде нема,
и времето се стурило во плач,
а капутот се треси како
последниот лист на дабот и
посига по сончевите здраци.
Се кити радоста,за новото раѓање.
Снежница и виулица се спуштила
срцата се смрзнале пред прагот од болницата
се слушаат чекори кој чекорат
по поатот на празникот,а патот е празен.
Соња Таировска Ѓурчак
1. 12. 2015 Улм
СВЕТИЛКА НА ДЕНОТ
Пред прагот на денот
стои запалена светилка.
Светилка која го осветлува
целиот просто,
измеѓу небото и земјата,
низ тишината на времето.
Се раѓа светилка која се поновува
низ календарот,светилка на денот.
Се крие измеѓу деноноќното ветување
на немирот од темнината и светлината.
Црта нови слики по смрзнатите прозори
а се лепат по вените на пеперутките,
кој патуваат со светилката на денот.
Тежат камењата на сопствениот сон
лебдат капките пред прагот на денот.
Само се пофторува празникот на денот,
а ја крие вистината закачена
по старите греди во плевната.
Соња Таировска Ѓурчак
23. 12. 2015 Улм
ПРЕД ТУЃА ПОРТА
Гледам прегратка во прегратка
како свеќа се топи.
Слушм плач на гроб...
Пред туѓа порта,
сон кој спие по должина на стебло
даб кој лисја нема, а
корени долги веќе пушти.
Солза се тркала по сокаци туѓи
дождот ја носи во река матна,
далеку на брегот ќе застани негде
нов ден ќе ја пробуди тогаш...
Соња Таировска Ѓурчак
19. 12. 2015 Улм
ponedjeljak, 11. travnja 2016.
СВЕТНА ДЕНОТ
СВЕТНА ДЕНОТ
Часовникот,
чекори и ги
исполнува сите пукнатинки
на времето,
кое остави траги од
смртни казни.
Каде поминаа,
лути ветрови,
оставија пустош.
Ја излупија
кожата на земјата.
Тишината, гласно збори
сонот се буди
светна денот.
Болка,
која трае ја
милува тишината,
го допира сонот ,
будно ја гледа
вистината
и зборува со
тишината.
Раскажува за
времето
за светлината на
денот.
Со боси нози потрча
во прегратките на минатото,
и се искачи на
високата планина,
полната месечина
која лебди низ
светлината и просторот на сите војни.
Престанаа во овој
час сите војни,
светна денот,
светлината
испрати љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
10. 4. 2016 Улм
Pretplati se na:
Postovi (Atom)






