utorak, 23. lipnja 2015.

ХХХ 109

Ако животот е судбина,
што е вистина.....

Само мудроста е поскапа од  сафир
полнет со златен праф....

Мудроста се крие,
во очите на животот....

Слепо мами  очајот во животот
злото го труе разумот....

Бог е љубов,почит према него е
верата исполнета со страв,
до дното на животот....

Види измери,зацврстија  и исполнија патеката
во разум и мудрост ,како дож без облаци.

Границата на животот
е поставена пред земјата
и нејзината слава......

И каменот се топи
и потекува капка солза
која паѓа во длабокиот мрак,
а под каменот остана светлина.


utorak, 9. lipnja 2015.

ИДНИНА


Како таа изгледа сега,
ке биди ли подобро од сега,
ќе биди ли полошо или ќе биди исто како и тогаш и сега,
една мисла дали ме мами или само ме заморува,
дали да верувам или да се скријам али каде од кого
или се е како што било и ќе биди.

ххх 108

Секоја солза на секое лице
радосна или тажна
болна или жална
ја бриши само господ.

Господ од ништо прави нешто
стори и ти за него нешто
прави убави и добри дела ,
верувај,во верата е животот.

И кога темнината сака да завладее
господ прака повеке светлина.

Смрта е порака од љубовта
а повик кон вечната љубов.

Ако животот е судбина
што е вистина....

Живот даље следи
а живјети сам не вреди....



ponedjeljak, 8. lipnja 2015.

МОЛИТВА ГОСПОД ГО МОЛИ

Додека ноќта се претвора во ден,
темнината во светлина,
се дели минатото од сегашноста а вистината,
вистината се спојува со вистината.
Момент кој мами мирис на утринска роса
ги отвора портите на вечноста и тони
во длабочините на езерото.
Прамен од свилена коса,насмевка лажна,
допир студен,надеж за приказна нова,
звук кој се губи,збор кој не се повторува а бранови носи,
самовила со расплетени коси.
Тага,болка, солза горка,пламен оган гори,
и пак молитва Господ го моли.

Соња Таировска Ѓурчак
8.6.2015 УЛМ 

subota, 16. svibnja 2015.

ДА ПАТУВАМЕ ЗАЕДНО

Да патуваме заедно

Да и дозволиме на позитивната
енергија да патува со нас,
низ патеките во тишината на времето,
милоста и љубовта.

četvrtak, 14. svibnja 2015.

ИМАЈТЕ РАДОСТ И ЉУБОВ

Имајте радост и љубов
Сите сме од Бога ,а сите Богови исти,

во што ја гледаме разликата,
зар едното око не лажи а 
другото ја кажува висатината,
има ли вистина во овој рај 
на вечноста во која живееме сега,
денес дали можиме, 
само за трен да се запрашаме 
што е посилно омразата или љубовта? 
На кого треба да му слугуваме, 
да се радуваме треба да го отфрлиме 
товарот кој е претежок ако го носиме 
на нашите плечки да ги рашириме рацете 
да се сплотиме со љубовта и за 
секогаш да бидиме исти,
да владееме со вистинското царство 
господово со вечната вистинска љубов.
Имајте радост и љубов.

Соња Таировска Ѓурчак 
14. 5. 2015 Улм

ЉУБОВТА Е СИЛА

Љубовта е сила,
има и душа мила,
има и бели крила,
насекаде лета и цвета,
цвета како мајски цвет,
за се е вистински лек,
и медена како мед.


Соња Таировска Ѓурчак 
14. 5. 2015 Улм