četvrtak, 1. rujna 2022.

НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН кн 11

 

НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН

На граничен премин,

програма, слики  гледам

и година во години редам.

Не ги препознавам сликите

секоја слика лик  изгубила,

со  години се крила и

во сенка била.

Остана само еден ден

каде времето  се брои

кучињата да лаат и

списокот запишан во  историја да стои.

Соња Таировска Ѓурчак

15.08.2022 Улм

 

nedjelja, 14. kolovoza 2022.

MK

 

Времето неможам да го враќам,

живитот тек сега го сваќам.

(многу долго треба да се прочитаат срцата)

četvrtak, 4. kolovoza 2022.

МК

 СЕКОЈА ИСПРАТЕНА ПОРАКА ИМА СВОЈА АКЦИЈА, СО СИГУРНОСТ ЈА ИСПРАЌАМЕ СОПСТВЕНАТА СЛИКА која е нај вистинска,и застапена во животот,*најчесто несвесно*.

Соња Таировска Ѓурчак
02.08. 2022

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК книга бр 11

 

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Мојот мајчин јазик е,

чувар на времето,

на вистината,

чувар на светлината во моите очи.

Оваа вистина не се бриши, памти

иако зборувам на други јазици

во секој друг јазик сум само гостин,

почесен и благодарен гостин.

Секој јазик заслужува почит,

мајчиниот јазик е најблагословеното

богаство од вчера денес и утре.

Тоа е мојот мајчин Македонски јазик.

Соња Таировска Ѓурчак

02.08. 2022 Улм

МК

 

Животот е уметнички стварател,кој зависи од сопствената реакција и мотивација,во секојдневието го имаме клучот на успехот во рака, која врата ја отлучувааме таа се отвора.Колку ќе ја зголемиме среќата толку ќе уживаме во неа или спротивно.Животот несебично нуди многу повеќе,зависно што прифаќаме,и како допираат звуците до нашата мисла.Прво се ствара мислата потоа протекот оди во збор кој излегува од устата со стручност на јазикот,мислата зборот и јазикот се наша прва слика пред овој благословен живот.Ти благодарам Господи за оваа благороднос што си ни ја дал.

Соња Таировска Ѓурчак

04.08.2022

 

 

 

četvrtak, 28. srpnja 2022.

МК

 

Неможам да ја бирам судбината сама, таа ме бира мене.

nedjelja, 24. srpnja 2022.

СЕ Е ИГРА бр 11

 

СЕ Е ИГРА

Живејам во времето на безстварност,

во овој свет кој се распаѓа...

А Јас верувам во себе

верувам во животот,

верувам во играта наречена живот.

Пишувам,зборувам сама восебе

и ја прелистувам вистината.

Да го запрам времето

и  поново да се родам

и пак се е игра...

Соња Таировска Ѓурчак

24.07. 2022 Улм