utorak, 10. srpnja 2018.

МК



💗💗💗

Срцето пее, по нотите на природата, полно е во радост....

💗💗💗

Мудроста доаѓа со радост.....

💗💗💗

Грешно размислување носи неслога....
а секој има право на својте мисли......

💗💗💗

Живото има многу бои....

💗💗💗

За секое добро се враќа добро.

 💗💗💗

Од смирното срце извира радост ...

💗💗💗

 Долга е приказната кога ќе се сретнат,денот и зборот.


nedjelja, 8. srpnja 2018.

КАДЕ ЛИ ДА ТЕ БАРАМ

                                                          

 

 

 

                                                                                                                 книга бр:9

 КАДЕ ЛИ ДА ТЕ БАРАМ



Кој пат сега води ?


На исток, запад, север или југ

кој пат води во живот друг.


Ќе те пронајдам, со тагата на срцето

таму каде те оставив пред еден век.


Во пазува тола, на чинарот стар

останаа запишани јунаци кој изчеснаа во ноќта

таму вечно свири, виолината за мир

под чинарот стар, таму те бара......



 


Соња Таировска Ѓурчак
08. 07. 2018 Улм

subota, 7. srpnja 2018.

ДОБРОТО .... афоризми


 💗💗💗

Доброто секој брзо го заборава,зато што е добро,
не смее да се памти, што е добро,го уморува човечкиот мозок,
на неубавото и споменици подигаме!!!!!!!

💗💗💗

Еден ден,кога ке сакаш да влезиш во градината на радоста,ќе биди доцна цветовите на љубивта овена, овена цветната ливада која полна беше радост.....а омразата покоси како есенска слана се се што цветаше....но животот дава само еднаш топла љубов,која не се мери ни со дијаманти,но сигурно  немаме сите исти  чувтвува,чуствата се чуваат до века никој нема сила да ги смени само душата наша.................................................................................................................

💗💗💗

 
Во секоја длабочина и темнина 
се кријат искри од честици 
од кој се чита најискрајната 
вистина на времето и денес.

💗💗💗

 Не киниго цветот
ако сакаш
да собираш плодови.

💗💗💗

Мислата е патот кон вистината...


ЖИВОТОТ Е КАКО РЕКА афоризми

 💗💗💗

 
Животот е како река,брза низ долини,паѓа од висини и пак го пронајдува патот до морето на НАДЕЖДА.

 💗💗💗

Zivot je kao reka ,zuri niz doline pada sa visine ,no opet pronadje put do more nade.....

💗💗💗

 
Во природата е распослана тишината но сепак ги буди заспаните, птици.....


 💗💗💗

Изутрина сонце светна ,од цвет бел бисер се рони и во светлина оди.....

💗💗💗 



srijeda, 4. srpnja 2018.

ПЛОД СЕМЕ ШТО ЉУБОВ СЕЕ

 
 
 
                                                                                                              Во книгата бр: 9 
ПЛОД СЕМЕ ШТО ЉУБОВ СЕЕ    
 
Да сум капка дож, 
ќе капнам,
да биди капка мелем,
да биди на болната рана.
Кога ветрови
лупат мајчино име,
да биди капка мелем
да биди на болната рана.
Каде свеќа се топи,
во прегратка туѓа.
да биди капка мелем
да биди на болната рана.

Да сум капка дож,

да се вливам во изворите на вечноста
да ме грее сонце наше,
топли бранови да ме милуваат,
да ме опива мирис од жито здрело.
Да сум капка дож,
да капнам и останам во мајчината почва,
да останам,
плод семе што со љубов сее.....


Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2018 Улм

























































 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



utorak, 3. srpnja 2018.

САМО ЕДНАШ

САМО ЕДНАШ                                                             Во книгата бр: 9 


Само еднаш, сакам
да бидам во небеското царство
небеска кралица ,
да ја допрам висината на небото,
да ги милувам звездите,
да ги китам со радост.
Само еднаш се сонува ваков сон
кој те понесува
пред портата на небеското царство...
само еднаш,
небото се скри во дното на езерото.

Соња Таировска Ѓурчак
03. 07. 2018 Улм

ponedjeljak, 2. srpnja 2018.

СОНОТ МЕ БУДИ

СОНОТ МЕ БУДИ


Кога заспивам, сонот ме води
во убавините дома оди.
Сонувам како одам по дворови цветни,
на перница бела,
сонувам играм и пеам.
Во цветна градина мирис ме буди,
мирис на багрем бел.
Сонот ме буди во постела туѓа.....

Соња Таировска Ѓурчак
02.07. 2018 Улм