petak, 14. srpnja 2017.

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Од книгата СОЛЗА И ЉУБОВ издание 2013 Скопје
песната

 

 

ЗЕМЈА НА ЉУБОВТА

Со солза љубов полеана
со злато љубов облеана.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х

Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту има да и смени.
Земја моја на љубовта
змја моја на вистината.
Тоа тоа е мојата мила Македонија.2х

Таква земја само една има
само една вистина света
никој нема кантар да ја мери
ниту име да и смени.
 
 
Соња Таировска Ѓурчак
14.07. 2012 Улм
Пее Оливер и Соња

petak, 7. srpnja 2017.

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ

ВРЕМЕТО ЖИВЕЕ
Еден ден,сите звезди на небото
ќе се претворат птици
ќе полетаат во прегратките
на топлината и вистината
на времето кое живее во радост.
Морето ќе испари во прав на цвет
ќе закитат нови пустини
кој ќе цветаат во цветот на љубовта.
Еден ден встината ќе ја украсува секоја
воздишка од душата на почвата ......

utorak, 4. srpnja 2017.

БУДИЛКА НА РАДОСТ

БУДИЛКА НА РАДОСТА


Време кое одминува
и пак се враќа.
Капка по капка, крв жар капи,
камен по камен, судбина се реди,
од сите страни,
меѓу недоспаното утро,
меѓу недоздреаните цреши,
кои уште црвено жолти капат,
меѓу песната на ветрот
меѓу песните на птиците
надлетува и мојата песна за тебе
будилке на радоста.
Пламен во очи ладни.
за капка крв многу гладни.
Во студено утро
ноќта ќе згасни
во река шепот песна ќе згасни.
Пред прагот на смрта некој рие,
свеќа се топи
а љубов крв во тебе врие.
Засолниште од горештини жешки
земја бара,а ноќта затвора врата.
Селски камбани звона звонат
со грутка снег пожар ќе згасни.
Будилке ти љубов нудиш,
ти секоја буква и буквар го будиш.
Будилке на радост
во тебе пак ќе цвета вечна младост.


Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2017 Улм


ponedjeljak, 3. srpnja 2017.

СОНОТ КОЈ СПИЕ

СОНОТ КОЈ СПИЕ


Ја разбуди зората,
утринското сонце го озвучи денот.
Тутуно берачите ги наполнија
кошевите со тутун, и заминаа пред ноќта.
Сонот се крие, уште во звездената ноќ
која го раскажува сонот пред потокот,
кој брза, и ја следи кочијата на месечината
која доаѓа во денот, и ги буди заспаните полиња,
ја буди земјата,на која го посеа семето.
На трпезата го подели лебот,
кој уште длабоко и топло диши.
Ги отвори очите, пред црвените лалиња,
пред жолтите билки, кој ги милува ветрот.
Сакам уште, да те имам, не сакам да те губам,
Македонијо, со тебе се гордеам и те љубам.
Сонот застана пред денот,
а ноќта влезе во домот кој спие.


Соња Таировска Ѓурчак
17. 06. 2017 Улм




subota, 24. lipnja 2017.

АФОРИЗМИ НА ДЕНОТ


 *****

Љубовта со пари не се купува....стара поговорка.

 *****

Животот е  богаство .....

 *****

Убавиот збор е мелем на рана.....

*****

Зборот лекува.......

*****

Рајот е во душата....

*****

Животот е цвет кој пее....

četvrtak, 22. lipnja 2017.

БЕССМРТЕН ЖИВОТ бр.9

БЕССМРТЕН ЖИВОТ                                    во книгата бр.9


Во животот живеат,
сенките кој патуваат,
и ја вртат демензијата на животот
високо издигната над житото.
Семе посеано во животот
а родот благословен
од утробата на земјата
со нов бессмртен живот.
До звезденото небо,
се слуша песната
од брановите на житото.
Сонцето дарува,светлина,
далечината љубов,
утрото те повикува во бессмртен живот.


Соња Таировска Ѓурчак
22. 06. 2017 Улм