nedjelja, 12. veljače 2017.

КНИГАТА НА ДЕНОТ

КНИГАТА НА ДЕНОТ

Се буди во мугрите рани
од постела мека,
низ времиња од века,
и пишува за денот нов.
Со километри денот е долг,
седум бои виножито брои.
Со молитва,мотика и молив
пишува страница нова,
тука за мене,тука со мене.
Книгата ја пишува светлината на денот,
а, темнината бега,
под светлината на моливот сега.
Празна страница нема.
Книгата е полна,
како кошничката на ЦРВЕНКАПА полна
за нејзината Баба болна.
Книгата на денот е полна
во прозирна мрежа,
но сепак уште бара,
збор нов кој се губи и се враќа
кој те мами и те моли
на страница бела сака да живее сега.
Секогаш сака слободно да кажи
зборот жедно мислата ја пие и кога спие.
Книгата постои,
а денот пишува и кога зборови нема.
Скриена во длабочините на поетот,
во песната на денот,во нотите на текстот,
чекори во животот на поезијата.
Книгата на денот пишува,
по белите страници на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
12. 02. 2017 Улм



srijeda, 1. veljače 2017.

НЕ МЕ ОСУДУВАЈ ВРЕМЕ

НЕ МЕ ОСУДУВАЈ ВРЕМЕ


Таму далеку ангели пеат,
а соност заспива на рамена туѓи.
Гнезда празни, во домот свети
а животот нешто вети......
Како дива зверка разбегана
звезди бројаници на небо брои,
тага во душа мајчина уште стои.
Копнеж, кој сакам да го допрам,
се губи пред ветрот кои дува
на осамена мермерна плоча сува.
Зборови богати и сјајни со солзи,
по должината на времето,
напуштени,
и изгубени под небото сино.
Не ме осудувај време,
разберија милоста
слушни го плачот,
измерија вистината,
од јазикот, купен со туѓи пари.

Соња Таировска Ѓурчак
01. 02. 2017 Улм




nedjelja, 29. siječnja 2017.

ПО ПАТОТ НА ВРЕМЕТО

ПО ПАТОТ НА ВРЕМЕТО

Патува,
вистината,
во времето на животот
во светлината,
на секој нов ден.
Денот се роди
светлината не води
по патот на времето.
Некаде далеку,
времето оди
каде прашината ги затвора очите,
пред вистината,
на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 01. 2017 Улм


četvrtak, 19. siječnja 2017.

ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕНОТ

ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕНОТ

Снежна виулица бега,
пред студот на зимскиот ветер.
Градот белее, во снежна убавина
а снеговите прегрнати се топат
во прегратките на денот.
Тежнеат гранките на врбите
и нотите по виолината,
во прегратките на денот.
Мрзнеат стапките,
оставаќи трагови по снежната белина
која бега и пред очите на денот.
Свири, снежна виолина,
во прегратките на снегуките.
Ветровите се разминуваат
со длабоки погледи делеќи ја радоста
со снежниот пеперутки.
Птиците поново ќе долетаат .....
во прегратките на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 01. 2017 Улм


ponedjeljak, 16. siječnja 2017.

ЖИВОТОТ ГЛЕДА

ЖИВОТОТ ГЛЕДА

Очите на животот
ја гледаат секоја мисла,
вистинска или лажна,
добра или лоша,
тајна не постои.
Животот пишуваш,
а не бришиш,
ништо не е скриено
перед очите на животот.
Животот гледа.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 01. 2017 Улм