četvrtak, 14. siječnja 2016.

ТОКМУ ТУКА

ТОКМУ ТУКА

Токму така,токму вака
и за радост и за среќа
судбина малку треба.
Некој денови брои,
и без запис судбини крои.
Случајност една,токму тука
мисла убава и вредна
во запис ќе остани тука,
за земјата моја една.

Соња Таировска Ѓурчак

14. 1. 2016 Улм 

НИЗ ТИШИНАТА

НИЗ ТИШИНАТА


Во ноќта на тишината
одекнува само часовникот
на големиот празник,
кој будно гледа низ темнината
а ја носи светлината.
Се бришат трагите од ноќта
зората се кити со песна
и светлина чиста и вечна.
Одекнува часовникот
и големиот празник
нечујно слуша и мојата душа
во ноќта низ тишината.

Соња Таировска Ѓурчак

14. 1. 2016 Улм 

nedjelja, 10. siječnja 2016.

МИРИС НА ДЕНОТ

МИРИС НА ДЕНОТ

На постела бела
и пелена чиста,
мирис носи и вода бистра.
Кандило и свеќа свети,
мирис на темјан, ветер  носи
се протега насмевка децка,
мирис на денот  порака света.

Соња Таировска Ѓурчак

10.1. 2016 Улм.

srijeda, 6. siječnja 2016.

ЕДЕН ДЕН

ЕДЕН ДЕН

Ќе свети само светлината,
ќе осветли вистината на
копнежите издлабени во земјата.
Еден ден, 
ќе се промени се.
Гласот, 
ќе биди мелодија на љубовта.
Исткаен во корените кој се раширени
низ просторот на полињата.
Еден ден, 
погледот, ќе биди поблиску до небото
времето исто, минатото исто како денес.
Посевите на житните полиња ќе раскажуваат
за жетвата, која богат род роди, и се ожна.
Еден ден,
ќе бидат сите прашања одговорени  
ќе се отворат портите пред гробниците на предците.
Еден ден,
далечината ќе биди толку блиску
сенки ќе се простираат пред лицето на сонцето.
Сонцето ќе биди скриено во големото срце.
Ќе се открие тајната на прегратките 
помеѓу снеговите.
кој ќе ги покријат трагите на минатото.
А вистината останува секогаш иста,
како Адам и Ева и новото раѓање.

Соња Таировска Ѓурчак

6. 1. 2016 Улм 

utorak, 5. siječnja 2016.

ВЕРУВАМ

ВЕРУВАМ

Верувам во тишината
која од сон ме буди,
верувам во светлината
која во денот ме води,
врувам во вистината
која во вечност ме води
верувам во чудо
која низ вистината оди
верувам во себе
и во се околу мене.
верувам во љубовта
која  граници нема.
Верувам,верувам.

Соња Таировска Ѓурчак
5. 1. 2016 Улм


ponedjeljak, 4. siječnja 2016.

DALI MAJKO

ДАЛИ МАЈКО

Дали мајко ти пред порти стари седиш
дали мајко ти уште песни, песни редиш,
или во постела болна лежиш. 2.Х

РЕФРЕН:

Мајко мајчице ке ти дојдам ке се вратам
тука сал си патам
со отрови се полнам туѓината ја колнам.

Дали мајко уште во пазува топла
чуваш писмо мое со денови со денови го читаш
и мене назат ме викаш.2.Х

РЕФРЕН:

Мајко мајчице ке ти дојдам ќе се вратам
тука сал си патам

со отрови се полнам туѓината ја колнам.

subota, 2. siječnja 2016.

ЕДЕН ПАТНИК

ЕДЕН ПАТНИК

По лицето на земјата
во улиците на очите
мини еден  патник.
Се буди сеќавање на плач
во прегратките на пролетен дож.
Од улиците поекоа солзи
по лицето на земјата.
Прегратките останаа празни,
само еден патник ја
помина земјата.

Соња Таировска Ѓурчак

2. 1. 2016 Улм