četvrtak, 3. srpnja 2014.

СО ОРЕЛ КРИЛО



Мисла моја со орел крило лета
во родина мила сака да слета
да застани во дворови стари
на орев густи, кој гранки до земја пушти ,
Љубов под орев ќе се слее а
солза бисер од стреќа ќе се лее.


srijeda, 2. srpnja 2014.

ТАА ТЕ ВОДИ





Пушти среката да те води,
ти само понезе оди!
Таа сигурно и секогаш те води.

ponedjeljak, 30. lipnja 2014.

SUDBO

СУДБО


Судбо, сурова и клета
ме одтуѓи од рода света
за љубов брацка сал си плачам
топлина од сестра нема
а,судбо сурова ти ја зема.
Подари ми крила за да летнам,
брат и сестра да си сретнам.
Судбино време ќе пројди
и на оваа чудна грешка
што ја плаќам со солза жешка.
Солзи веќе немам , секна река брза
само тага на срце остана ја врза.
Верба во Бога имам,
од судбина Бог среќа прави
на сурово топлина му става
на клето благослов му дава.

BEL CVET



БЕЛ ЦВЕТ

Те видов тогаш

со тишината зборуваше
моето име го споменуваше.
Солза по лице се тркалаше
гради срце стегаш
поглет твој далеку од мене бегаше.
Солза згазнав тогаш и се решив
знам сега дека ти згрешив.
Ти дарувам сега бел цвет
и прочка барам
што заминав тогаш во туѓина во свет.