srijeda, 16. listopada 2013.

Разиграни букви


Безброј книги и разиграни букви
на саем голем има.
Како шарен килим во илјада бои
на секоја полица книга стои.
Од цел свет книги понесени
од секаде книги на полица донесени.
На секој свој јазик напишани
и со свои потпис потпишани.
Разиграни букви низ халите звонат
лифтови скала по скала гонат.
Многу народ,
среќа и насмевка од лице дели,
разиграни букви собира и сели.
И ова е голема мудрост.
Пa буква по буква собери и мели.
Разиграни букви и шарен килим
од тука збогум ќе земат,
и поново во друг грат ќе кренат.

nedjelja, 6. listopada 2013.

Воденица


Воденица, стара остана празна.
Под селото доле Воденица стара
стои сега осамена  и тажна.
Уморна од времето и соништа разни
за воденички  камења,
што останаа сега празни.
Воденичарот без збогум да земи                          
замина во царството вечно.
Плас вода низ скалини твои мини
побелен глушец последна вреќа кини.
Катанецот  зарѓал веќе,  рѓа го јади
а времето се полека од тебе кради.

subota, 28. rujna 2013.

КОВАНИ ПАРИ


КОВАНИ ПАРИ

Бисер љубов мајчин уште пука,
по чеда мили уште кука
рубин наш боја мена
мајчино срце од тага свена.
За деца мили што во свет ги прати
ни едно назат не се врати.
Долар, Шилинг,Евро
во секоја глава сега звонат
мајчини очи уште солзи ронат.
Аманет Мајка во срце стега,
сака да ви кажи за последно сега,
последен мајчин збор!
Овој живот нема да се врати,
со туѓи пари ќе се плати.
Денар е ваша стара кована пара.
Врате те се сега сите дома
и светот ќе дојди кај  нас дома
таа наша нјaстара кована пара
овде да ја бара.
За последно, Мајка сака деца да си види
и ако во ковчек ќе биди.

Соња Таировска Ѓурчак

utorak, 10. rujna 2013.

Хартија бела



На хартија бела
Се пишуваат дела.
Црно и бело
Весело и смело.
Со букви хартија се бори
И сака песна да створи.
Буква нота ќе и прави
И глас ќе и стави.
Од  тажни песни
Срца ќе се корнат
Со цемер јад ке се полнат .
На хартија бела
Се цртаат градови и села.
Слики црни и бели
Со градови  и села.
На хартија бела.

slika na nedelata


petak, 6. rujna 2013.

ПРОЗОР



 ПРОЗОР


Пред прозор јас уште седам
И во ноќта црна,
од далечина јас те гледам.
На прозор јас букви редам
Со мисла во родина бегам.
Те гледам и те следам
Сакам да си тука.
Од прозор да те гледам
Со цветови црвени и жолти
Да те редам.
Со света вода да те честам
На прозор мој ке те сместам .
Од цветови црвени и жолти
Букети ќе правам.
На трпеза дома ќе ги ставам.