subota, 28. veljače 2026.

МАКЕДОНСКА ТРПЕЗА

 

МАКЕДОНСКА ТРПЕЗА

Почитувани,

По повод 8 Март, Денот на жената, ве повикуваме на попладневна МАКЕДОНСКА ТРПЕЗА 🇲🇰Да ја збогатиме заедничката трпеза со традиционални македонски специјалитети и заедно да го прославиме празникот во духот на заедништвото. Бидејќи доаѓаме од различни краеви на Македонија, би било прекрасно секој да го претстави својот роден крај со автентично јадење. Вашите подготвени домашни и традиционални македонски специјалитетите да бидат обележани со градот или регионот од Македонија од каде доаѓате. Подгответе и донесете јадење за толку особи кој ке присуствувате. со вас Јадењата може да бидат исти, но подготвени на различен начин, токму тоа ја прави нашата трпеза богата и интересна. Вашето присуство е од големо значење за нашиот клуб. Ве молиме најавете го вашето присуство навреме за подобра организација. Добредојдени сте сите со вашите омилени јадења.  За женскиот пол Клубот има мало изненадување

На, 08. 03. 2026 со почеток од 14,30 часот

Во Клубот Кирил и Методиј

Plazgasse 18 89073 Улм

Со почит и поздрав од Раководството и членовите на клубот.

Преседател Петровски Ангел

Nema komentara:

Objavi komentar